Македонија
Мицкоски во Берлин: Да не се казнуваат граѓаните поради Владата, потребен ни е датум за преговори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески продолжуваат со посетата на Берлин, Германија и учество на програмската конференција организирана од Конрад Аденауер Штифтунг и владеачката партија ЦДУ.
Во текот на денешниот ден Мицкоски и Славески учествуваа на конференцијата организирана од економскиот совет на ЦДУ и фондацијата Конрад каде се разговараше за економските потенцијали за развој, европските интеграции и развојот на Европа и регионот на Западниот Балкан.
Конференцијата ја водеше Астрид Хамкер, претседателка на економскиот совет на ЦДУ, а говореа и Волфганг Шојбле, претседател на германскиот Бундестаг и поранешен министер за финансии на Германија, Роланд Кох министер претседател на германската покраина Хесе и претседател на надзорниот одбор на UBS Europe, Мамфред Вебер шеф на парламентарната група на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент и Ралф Хамерс извршен директор на ING Group.
„Присуството на Конференцијата и билатералните средби со учесниците од неа, претседателот Мицкоски ги искористи за преставување на идеите од економската програма на ВМРО-ДПМНЕ која е во фаза на изработка, дискутирање за германското искуство во реализацијата на различните идеи и проекти, и отворање на канали за соработка со преставниците на германската економија. Воедно средбите беа корисни и законтакти за потенцијални германски инвеститори кои би препознале во блиска иднина потенцијал за соработка со Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Разговорите Мицкоски ги искористил и за размена на мислења со едни од главните двигатели на германската економија, исклучително корисни во креирањето на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ, развојот на политичките односи и давање на сеопфатна понуда пред граѓаните на Македонија користејќи ги најдобрите практики на германската економија и општество.
Ваквите средби продолжуваат и во втората половина од денот каде Христијан Мицкоски и Трајко Славески ќе учествуваат на тркалезната маса посветена на сратегиите и развојот на земјите во транзиција, каде свое обраќање ќе имаат и Фредерих Мерц извршен директор на Black Rock за Германија, Џо Каесер Извршен Директор на Сименс, а ќе учествуваат и на панел дискусијата каде ќе се разговара за рамката за стабилизација на Европа каде ќе се обратат Питер Алтмаер федерален министер за економија и буџет и Гутхер Отингер Европски комесар за буџет и човечки ресурси.
Во текот на денот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во германското МНР остварил и средба со Христијан Хелбах специјален претставник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи, каде се разговарало за политичко економската ситуација и за европските интеграции на земјава.Претседателот Мицкоски го повторил својот став дека граѓаните не заслужуваат да бидат казнети поради неисполнувањето на реформите, корупцијата и криминалот стимулирани од Владата, и во насока на зацврстување на европската иднина на земјава потребно е да се додели датум за преговори. Тој посочил дека државата и граѓаните не смеат да бидат заложници на штетните политики на премиерот Заев и неговата Влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

