Македонија
Мицкоски на повеќе билатерални средби во Вашингтон: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија и соработка
На маргините на НАТО-самитот во Вашингтон, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оствари повеќе билатерални средби и разговори.
Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент, Џон Бас. Соговорниците разговараа за стратешките интереси на државата, за македонските напори, кои се насочени кон нивно исполнување, како и за интеграцијата и напредокот на регионот.

Премиерот Мицкоски истакна дека борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и владеењето на правото, се приоритети на новата Влада.
„Премногу долго корупцијата навлегуваше во секоја пора на институциите и го оневозможуваше напредокот. Тоа се менува преку системска активност, која подразбира непристрасност во спроведувањето на законите и поддршка на професионалците, кои се задолжени за спроведување на законите. Потребни се промени, кои ќе влеат надеж во институциите“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека иднината на регионот е во тесна соработка на државите и насоченост кон работите што нѐ обединуваат, како и создавање иднина што ќе донесе просперитет на сите.
Премиерот Мицкоски оствари средба и со претседателот на Чешка, Петр Павел. Соговорниците разговараа за искористување на потенцијалите за економска и политичка соработка.

Претседателот на македонската Влада, Мицкоски, истакна дека иднината на регионот е во полноправното членство во Европската Унија и дека на тој план се направени премногу отстапки и откажувања, кои не се вреднувани до крај и дека кочењето преку неразумните спорови мора да престанат.
„Граѓаните со право бараат подобар живот и дека Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција“.

Мицкоски оствари разговор и со премиерката на Естонија, Каја Калас, со која разговараше за интензивирање на соработката и поддршка на македонските ЕУ-интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

