Македонија
Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон: една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оствари повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон.
Вчера, заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс, поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.
На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.
Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата.
„Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња“, истакна Мицкоски.
Воедно, беше посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупцијата. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка како силен пријател и сојузник на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).