Македонија
(Видео) Мицкоски негира дека барале измени на Кривичниот законик
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, негира дека на лидерските средби барал измени на Кривичниот законик со кои би се намалиле казните за злоупотреба на службената должност. „За промени за Кривичниот законик не сме разговарале. Тоа беше обид да се сврти вниманието на јавноста од штетниот договор со Грција и други штетни теми, како што се доделување тендери на човек фирма и доделувањето грантови од Фондот за иновации на луѓе блиски до власта“, рече тој.
Тој исто така рече дека по неколкучасовни разговори, власта се согласила на позициите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека е неопходно носење нов закон за финансирање на политичките партии и формирање техничка влада по пржинскиот концепт, услови што опозицијата ги имаше на изборите во декември во 2016.
„Се согласивме процедурата за формирање на ДИК преку измени на Изборниот законик да се стопира, да се повлече, односно ќе се врати старата процедура. До овој момент не разговаравме за референдумот. Во втората половина на денот очекуваме за тоа да зборуваме“, рече Мицкоски.
Со формирање техничка влада, како што рече, се гарантира еден успешен изборен процес во кој опозицијата ќе се чувствува комотна и ќе ги има истите услови како опозицијата во декември 2016 година. Според него, техничката влада ќе обезбеди стабилен изборен процес.
Во врска со новиот закон за финансирање на политичките партии вели дека станува збор за модел кој гарантира транспарентност на финасирањето на сите политички партии и модел што ќе превенира евентуални злоупотреби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

