Македонија
Мицкоски: Нема да водиме кампања зад екраните, ќе бидеме со народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Струмица најави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата за изборите ќе биде помеѓу граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, така што очекувајте не, тука сме со народот колку може ќе бидеме заштитени, ќе ги почитуваме оние протоколи за заштита на здравјето на граѓаните“, рече Мицкоски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата политичарите кои што со години ја држат во заложништво Македонија.
„Јас сум оптимист за една голема победа која што ќе се случи на 15 јули. Народот заедно со Коалиција „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспешни политичари кои што 3 години ја држат во заложништво Македонија“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.
Македонија
Дрво падна кај Млечен, оштетени три автомобили, скинати кабли од бандера

Дрво попладнево падна на улицата Анкарска кај популано именуваниот реон „Млечен ресторан“.
Паднатото дрво има оштетено три автомобили.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека полицијата е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.
Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.
Известени се надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.
Фото: Илустрација