Македонија
Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, наследивме катастрофална состојба и од ништо направивме нешто
„Многу е важно да се зборува со факти. Во политиката фактите се многу важни, тие ја креираат перцепцијата и тоа е она што е важно за граѓаните. Владата која што јас ја предводам имаше прв работен ден 24 Јуни. Првиот посериозен пожар на планината Серта беше на 10 јули. Од прилика до 17 денови, како беше мојот прв работен ден. Каква беше тогаш фактичката состојба? Фактичката состојба беше следна. Хеликоптерите, кои што се користат при вакви кризни состојби, беа на сервис. Воздухопловите, авионите, беа приземени поради дефект. А пилотите кои што треба да ги управуваат, беа во пензија, вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги обвинувањата од СДСМ за пожарите.
Мицкоски истакна дека наследил катастрофална состојба, односно од ниту еден хеликоптер за гаснење на пожарите, без човечки ресурси веднаш направиле три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери кои интервенирале во гаснење на пожарите.
„И практично, благодарение на единиците на локалната самоуправа, на општините, и нешто малку луѓе кои што во тој момент беа спремни, почна борбата со огнената стихија. Полека, еден по еден, хеликоптерите се вратија и беа ставени во употреба. Технички, беше интервенирано на воздухопловите. Истите стана оперативни, трите. Луѓето кои што ги управуваат, кои што беа во пензија, ги вративме со договор на дело, да може да ги управуваат, бидејќи немавме кој да ги управува. И во еден момент, од ништо, имавме три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери. И стотици пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи, одбрани граѓани, доброволци, при што ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за пожртвуваноста која што ја прават.“, додаде тој.
Нагласи дека Владата прогласила кризна состојба, и веднаш го активирала европскиот механизам за помош при кризни состојби.
„Во меѓувреме, во тој прв бран, прогласивме кризна состојба, поради борбата со огнената стихија, но истовремено и го активиравме европскиот механизам за помош при кризни состојби. Кога го активиравме тој механизам, помош ни дојде од соседна Србија, помош дојде од Црна Гора, од Словенија, од Турција, од Романија. И во тој прв бран ја совладавме огнената стихија. Понатаму, продолжи борбата со огнената стихија, но не само кај нас, секаде и во Европа тоа се случува. И во овој момент, во текот на вчерашниот ден, имавме историски, незапаметен број на пожари на отворено, 66. Успеавме 40 да ги совладаме. Останатите се под контрола. Благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, доброволците, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. И повторно ќе кажам, ја користам оваа прилика да изразам огромна благодарност за свето тоа што го прават. И ќе продолжиме да се бориме, имајќи предвид, температурата која што следи и во месец Август, не очекувам да има големи промени, ниту врнежи. Вакви предизвици ќе има.“, рече Мицкоски.
Мицкоски упати загриженост од информациите кои ги добива од МВР дека причина за ваквата состојба се невнимателност, но и намера истите тие да предизвикаат.
„Но она што ме загрижува, се индициите кои што ги добивам, како информација од Министерството за внатрешни работи, дека постои основано сомневање. Дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера и намера да истите тие се предизвикаат. Ние кај се бориме. Повторно го активиравме европскиот механизам за барање поддршка во ваква кризна состојба.“, изјави премиерот и додаде дека помош пристига од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија.
„Република Чешка одговори со еден хеликоптер кој што треба денеска да пристигне, соседна Србија со уште еден хеликоптер, Унгарија испраќа во текот на утрешниот ден четири теренци кој што се многу потребни за оние предели, кој што се непристапни и тешко се пристапува дури и од воздух, кој што се себе носат еден кубик вода и кој што можат многу брзо да превенираат, да не се прошири овој пожар. Истовремено, Словенија позитивно одговори, Германија, два авиона, и тоа е капацитетот кој што ние во моментот можеме да го прифатиме и состојбата можам да кажам дека целосно или делумно е или ќе биде ставена под контрола. Апелирам до граѓаните. Има луѓе доволно кои што се грижат, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже, не дај Боже, необучен цивил кој што има најдобра, најискрена желба да се вклучи да помогне, не дај Боже, да западне во тешка состојба и не дај Боже да го загуби својот живот. Нема цена тоа. Ве молам, јас ве разбирам, дека сите сакате да помогнете, ве разбирам дека сите сакате кога е потребно да излезете во пресрет, ние сме хуман народ, ние сакаме да помогнеме, сакаме да помогнеме на тој кому таа помош е потребна, но има доволен број пожарникари, има доволен број припадници на Министерството за внатрешни работи и за одбрана и сето тоа е сосема доволно во овој период за да се справиме, иако ќе повторам станува збор за огнена стихија, која што е на својот историски пик. 66 имавме само вчера. 66 активни пожари на отворено, што не се случило. 40 успеавме успешно да ги изгаснеме. Тоа е поврзано со пожарите, а политичари и политички партии кои што имаат некрофилски намери, јас немам намера да коментирам.“, дециден Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.
Македонија
Муцунски-Грлиќ Радман: изразена подготвеност за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон полноправно членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.
На средбата беше изразено заемно задоволство од традиционално пријателските билатерални односи, придружени со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка што двете земји ја негуваат во сите сфери од заемен интерес во изминатите 34 години.
Во насока на понатамошно продлабочување на позитивниот тренд во односите, беше нагласен заемниот интерес за продолжување на политичкиот дијалог и соработката на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредување на економската соработка, продлабочување на трговската размена, како и проширување на соработката во областа на енергетиката, здравството, културата и туризмот.
Министерот Муцунски ја реафирмираше благодарноста за континуираната хрватска поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и за ставот дека процесот на проширување на Европската Унија треба да продолжи со засилена динамика. Беше изразена и подготвеност за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон полноправно членство во Европската Унија.
Соговорниците се согласија дека зајакнатата координација како земји членки на НАТО претставува врвен надворешнополитички приоритет, како ефикасен механизам за усогласување на ставовите и зголемување на придонесот кон регионалната и евроатланската безбедност. Беше потврдена заедничката посветеност на вредностите и принципите на Алијансата.
Средбата беше искористена и за размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за внатрешно-политичките и економските состојби во двете земји.
Посетата на министерот Грлиќ Радман претставува значаен чекор кон понатамошно унапредување на билатералните односи и отвора нова фаза на соработка, која ќе биде заокружена со потпишување на меѓувладин Договор за стратешка соработка, заснован на европските вредности, заемната доверба и почитување.
Македонија
(Видео) Николова до Јаневска: Ја рушите уставната автономија на универзитетите
Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерката за образование Весна Јаневска, а се однесуваа на ограничувањето на автономијата на универзитетите со предложениот закон за високо образование, односно на одредби со кои Владата дава мислење на статутот, предлага членови во Националниот совет, има влијание врз клучните академски стандарди, бројот на студенти и финансиското работење, со што се нарушува уставно загарантираната самостојност на високообразовните институции. Никлова праша и за примената на библиометрискиот Х-индекс и Web of Science како критериуми за напредување, што може да доведе до дискриминација на одредени научни области и да создаде простор за институционализиран непотизам.
Почитувана јавност, денес ќе го искористам моето право да ѝ поставам две прашања на министерката за образование, коишто се однесуваат на предложениот закон за високо образование, кој пред неколку недели е прикачен на ЕНЕР.
„Ќе зборувам за две клучни работи за коишто ми се и прашањата.
Прво, за критериумот за напредување – Х-индексот, како и за опасноста од институционализиран непотизам, и второ, за системското разградување на автономијата коешто овој закон го спроведува тивко, но темелно.
Законот инсистира на Web of Science како практично единствено мерило на научната вредност, а Х-индексот го претвора во клучен услов за избор и реизбор во звање. На хартија реално изгледа модерно и објективно, но во пракса станува збор за сведување на науката на бројки, при што се дискриминираат цели научни области, особено општествените и хуманистичките науки, ги става младите истражувачи во невозможна, а со тоа и неправедна позиција и создава формална објективност која лесно се заобиколува со мрежата на моќ.
Дополнително, морам да укажам на уште еден логички и правен парадокс. Законот предвидува повисоки и построги критериуми за реизбор во звање редовен професор отколку за самиот избор во тоа звање. Ова е апсурдно. Не може за едно исто звање со ист правен статус да има едни услови за влез, а други повисоки за да се остане во тоа звање. Тоа ја руши правната сигурност, ја прави академската кариера несигурна“.
Како што рече, законот не нуди реални механизми за спречување на непотизмот.
„Законот не содржи ниту една реална, ефикасна забрана за вработување на деца на професори на истите факултети каде што работат нивните родители.
Напротив, во ваков систем тоа станува дури можност за непотизам на голема врата.
Извршната власт има влијание над основните акти на универзитетот, унапредувањето и вработувањето на кадрите, финансиите, уписот, па дури и опстанокот на институциите. Е, тоа е автономија колку што дозволува власта и министерот.
Затоа ви поставувам две прашања. Како ќе гарантирате дека со примена на библиометрискиот Х-индекс и Web of Science нема да доведете до дискриминација на цели научни области и млади истражувачи? Уште поважно, како ќе спречите тие формално строги критериуми да не станат параван за непотизам, меѓусебно цитирање и затворени академски кругови?
И второто, како ја усогласувате уставно загарантираната автономија со членовите коишто ви ги посочив, а ги има уште многу, кога кумулативно овие одредби ѝ даваат на извршната власт контрола врз статутот, кадрите, финансиите и опстанокот на универзитетот“.

