Македонија
Мицкоски: Обвинителството молчи за криминалите на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека обвинителството молчи за криминалите на Заев.
„Се случија “Рекет1” и „Рекет 2“. Генерален секретар на Влада договора тендер од 8 милиони евра. На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега. Во 10 дена, фирми блиски на Заеви добиваат лиценци за извоз на марихуана. Зоран и Вице Заеви купувале гласови за избори.
Кога Заев се заканува на бизнисмени пред гласање, кога се гласа за 3 секунди, кога има крвави тендери, кога има криминални иновации, кога Курто Дудуш тепа граѓани, кога Павле Богоевски нарачува „полче“, Обвинителството молчи.
Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа. Заев е виновен!“ пишува Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска сончево со умерена облачност, следува период на претежно стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.
Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.