Македонија
Мицкоски: Ова е најлош извештај на ЕК, власта ја уназади Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред отворањето на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, во хотел „Панорамика“ – Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ЕК кој што денес се најде пред пратениците во собранието истакна дека овој е нај лош извештај и претставува уназадување на Македонија, а работата на оваа влада остава трајни последици за кои ќе треба време да се исправат но ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како да ја однесе Македонија на врвот во Европа.
„Па видете условно кажано како што себеси се нарекува нај проевропска влада добија најлош извештај, извештајот кој што требаше да биде извештај за напредокот на Македонија практично претставува извештај за уназадување на Македонија. За жал оваа влада со својата работа остава трајни последици за кои што ќе треба време да се исправат, но ние сме оптимисти имаме план знаеме како и за неколку месеци од денеска почнуваме да ја враќаме Македонија онаму каде што и е местото во врвот на Европа“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Од ИСО-стандарди ДУИ има само „и што има за нас“ – рекет стандард

„Наместо да се извинат за 20 години кражба, корупција и лаги, ДУИ се обидува да ги измие гревовите со еден бел лист хартија што го нарекува ‘меѓународен стандард’. Но, кој ќе го спроведува тој стандард во ДУИ“, прашуваат од ВЛЕН.
„Рамиз Мерко, со над 20 кривични пријави и со владеење што ја претвори Струга во приватна сопственост. Артан Груби и Прпарим Бајрами, кои го инсталираа „коцкарството“ во секој агол на државата. Бујар Османи, кој делеше тендери за рента-кар како да се бакшиши за неговите блиски. Или можеби Блерим Беџети, мајсторот на политиката „башибузук“, кој заедно со Данела Арсовска го претворија Скопје во џунгла. Или можеби ќе го повикаат милионерот Дрин Ахмети од „Соравија“ како „експерт“ да им дава совети. А Исмаил Јахоски од „Пуцко петрол“, познат по криминалните милионски зделки, го чуваат за моментот кога ќе треба некој да го финансира новиот бизнис-проект на ДУИ – „перење образ со народни пари“.
Ова не е борба против корупцијата, туку обид за нејзина сертификација и бришење со гума на сè што народот го чувствува во коски веќе две децении. Албанскиот народ нема потреба од купени сертификати во луксузни канцеларии на приватни компании, туку има потреба од вистинска правда, реална одговорност и казна за оние што 20 години крадеа и лажеа.
Хартијата не ги брише огромните богатства, вилите, тендерите што се подаруваа и уништените надежи. Албанците ги знаат имињата на тие што им ја стиснаа душата и им ја украдоа иднината. И нема стандард во светот што може да го избрише срамот на една партија што ја претвори корупцијата во систем“, соопшти ВЛЕН.
Македонија
543 лица возеле побргу од дозволеното, 252 биле без возачка дозвола: вкупно 2.553 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд

Во петокот и во деновите од минатиот викенд како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициски службеници на патиштата низ земјава, беа издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР.
„Притоа, заради непрописно паркирање беа изречени 545 прекршочни платни налози, и речиси исто толку, односно 543 прекршоци по основ на неприлагодена брзина на движење согласно пропишаната. Исто така евидентирани се и 150 прекршоци поради користење мобилен телефон при возење, 340 платни налози за некористење сигурносен појас како и 20 прекршоци по основ на неносење заштитен кацига при возење мотоцикл. Во посочениот период дури 252 учесници во сообраќајот се затекнати без возачка дозвола, 104 лица управувале под дејство на алкохол, седум минале на црвено светло, а санкционирани се и 12 пешаци.
Инаку според Законот за возила од сообраќај вкупно биле отстранети 81 возило, од кои 28 заради техничка неисправност, а 58 затоа што не биле регистрирани“, соопшти МВР и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Oпштина Илинден и оваа година ќе доделува субвенции за инвертер-клими или соларни панели

И оваа година општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.
Износот кој го доделува општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ. Целта на повикот, како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски е да се стимулираат граѓаните односно домаќинствата за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување. Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел од денот на објавување на јавниот повик од 07.04.2025 се до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена.
За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.