Македонија
(Видео) Мицкоски: Ова е тежок ден за Македонија, ова е капитулација

Денеска е тежок ден за Република Македонија. Пред малку видовме како на прес-конференција поразот се прикажува како победа. А тоа што е од порано стекнато како правото на јазик и националност – да се прикаже како лажна победа. Колку и да обидува Заев да покаже еуфоричност, со сила да се насменува, од далеку се гледа дека ова е пораз.Тоа е чувството на граѓаните – потиштеност и горчина, рече на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, наместениот договор е прифаќање на сите грчки позиии и во својата основа може да се нараче т.н договор. „Ако постигнатиот т.н договор е прифаќање на промена на Уставот и внатрешна и надворешна употреба на името, тогаш тоа е договор за капитулација на Зоран Заев. Лошиот исход е резултат на неспособноста на Зоран Заев и невештата дипломатија која што ја водеше во изминатиот период. Бараме т.н договор кој што Заев има намера да го потпише со Ципрас веднаш да ни го достави. Сите мои однапред планирани обврски надвор од Македонија ги откажав и ќе бидам во земјава“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.