Македонија
Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ
																								
												
												
											Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси.
Така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес.
Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести.
Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси.
Граѓаните го гледаат и ќе го ценат таквото неодговорно антидржавничко однесување на Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

