Македонија
Мицкоски од Битола: Заев да падне, за Македонија да се издигне, тоа е целта
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на протестот во Битола и им порача на граѓаните дека на 28 годишнината од партијата за жал Македонија е зафатена од силен ураган.
„На овој ден сите бевте на тој историски состанок кога се формираше партијата, дел од целокупната македонска јавност беше со отворени очи и уши, на кој ќе се заснова нашата партија. На овој ден се основаа месните комитети на ВМРО- ДПМНЕ,
независна држава и сопствена армија, валута и се што значи суверена држава. Почит за граѓаните кои тогаш помогнаа за осамостојување на државата. Македонци ги положиле своите животи за идејата за слободна Република Македонија.
Можеме да избереме како ќе живееме, свесен сум дека очите на јавноста се свртени кон нас, поради сите порази кои ги смисли оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ го водеше бајракот и се соочуваше со проблемите во тоа време, но ние верувавме во независна слободна РМ. Граѓаните ги положиле своите животи за идејата за слободна Македонија. Можеме да избереме како ќе живееме“, рече Мицкоски.
Според него ова што денеска се случи е срамна капитулација на државата.
„Доста е, не може веќе вака. Ова се сериозни историски времиња. Покрај беспарицата невработеноста лошите услови во здравството образованието се соочуваме со најголемото предавство што можеше да ни се случи. Го потпишаа договорот за промена на нашето уставно име. Додека Заев се слика јужниве слават. Не престанувајте да го употребувате името Макеоднија
Македонија е основна причина за секој наш чекор и активност. Нашите претци ги положиле своите животи за независна мак
Тоа било борба за човечки правдини. Без разлика на етничката припадност и без разлика на етничката припадност
Македонија создава маченици и херои. ВМРО-ДМНЕ е заеднички покрив под кој сите живееме“.
Мицкоски порача дека по ниту една цена нема да го поддржи ова срамно дело, и нема да поддржи промена на Устав а исто така смета дека ќе дојде време кога ќе се одговара за оваа капитулација што ја сервираа на земјата.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

