Македонија
Мицкоски од Гевгелија: Нема да има реваншизам кон недолжни граѓани
Свесни сме за притисоците, заканите и за обидите за поткуп што помеѓу двата круга ги прави власта овде во Гевгелија, сите оние непринципиелни понуди и сето она што се случува овде во Гевгелија. Нашата порака до гевгеличани е дека сето ова може да се превенира само со масовен одѕив во вториот круг и поддршка за идниот градоначалник Андон Сарамандов, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Само на тој начин, додаде тој, може да се застане на патот на, како што ги нарече, девијантните однесувања на оваа криминална и корумпирана власт, која, според него, изминатите 52 месеца практично ги пљачка, понижува и омаловажува Македонија, македонскиот граѓанин и народот на Македонија.
„Втората работа што исто така сакаме да ја порачаме до гевгеличани е дека сме свесни за непринципиелната црна кампања што се води веќе кон ВМРО-ДПМНЕ и кон Андон Сарамандов прогласувајќи нѐ сите нас за зло, што навистина не би сакал да го коментирам, бидејќи тоа говори за домашното воспитување на власта предводена од СДСМ, стравот што се обидуваат да го наметнат кон вработените во јавната администрација, локалната самоуправа и другите вработени во приватниот сектор додека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори, тогаш тие ќе биле жртва на некакво реваншистичко однесување, дека ќе се бркало од работа итн.“, рече Мицкоски.
„Сакам да ги убедам гевгеличани да бидат спокојни, да бидат мирни, нашата цел не е политички реваншизам, нашата цел, напротив, е спроведување на законите, чесно работење, да создадеме заедно нова иднина бидејќи сето она што се случува изминатите 52 месеца е спротивно на она за кое ние се залагаме. Нека бидат спокојни, секој оној што чесно домаќински си ја работи својата работа со плататашто ја заработува, го храни своето семејство, обезбедува егзистенција за своето семејство, е наш пријател и ние ќе бидеме рамо до рамо со тие луѓе“, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, предупреди дека сите оние што згрешиле пред законот навистина треба да бидат загрижени.
„Почитувани гевгеличани, немојте да се грижите за вашата иднина, вашите работни места се сигурни и вие таму ќе бидете во иднина, а нашиот план е да обезбедиме дополнително работни места и дополнително да им го вратиме сјајот на Гевгелија и на овој регион. Тоа е она за што ние се залагаме, ВМРО-ДПМНЕ сака да гради иднина, а не да се враќа назад во минатото и да брка некакви сеништа за кои денеска зборува нашиот политички противник – власта и СДСМ“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ до Брнабиќ: СНС не е српскиот народ, ниту Александар Вучиќ е Србија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро ги отфрла срамните и лажни обвинувања на Ана Брнабиќ на сметка на нашата реакција на изјавите на претседателот на Србија, истакнуваат од оваа партија.
„Наместо нам да ни држи лекции за „срам“, госпоѓа Брнабиќ најпрво нека се сослуша себеси, а потоа и изјавата на нејзиниот претседател.
Таа и Александар Вучиќ се навикнати да ги извртуваат фактите како што им одговара и да навредуваат секого што мисли поинаку од нивната диктаторска матрица.
Ја потсетуваме само на некои од нејзините сопствени изјави за студентските протести во Србија:
„Ова е обоена револуција. Ова е пуч, ова е обид за државен удар. Хрватска им дава логистичка, разузнавачка и финансиска поддршка.“
„Мислам дека настрешницата беше урната како почеток на обоена револуција.“
Вака таа зборува за студентите, за младите кои се иднината на Србија. СНС во Србија студентите ги нарекува „усташи““.
Тогаш, додаваат од опозициската партија, е јасно зошто Вучиќ вели дека заменичката на генералниот секретар, Радмила Шекеринска, има врска со сецесионистичката политика на Косово.
„Тоа што Александар Вучиќ ве постави, госпоѓо Брнабиќ, на чело на владата, на сите им е јасно. Да се биде послушник во режимот на Александар Вучиќ повеќе никому не треба да му се објаснува.
Вие во таа влада се прашувавте колку и Христијан Мицкоски додека Груевски беше на власт – воопшто.
Што се однесува до НАТО интервенцијата во 1999 година, токму Вучиќ беше член на таа влада, министер за информирање, чија политика директно доведе до бомбардирањето на тогашната СР Југославија.
Добро се сеќаваме на „најдобриот ученик“ на Војислав Шешељ. Тоа нема да го заборават ниту граѓаните на Србија, ниту граѓаните на Македонија.
Споменувате дека СНС и Вучиќ се единствените кои „негуваат пријателски односи“, како Македонија да е на последно место на светот.
Она што сигурно го знаеме е дека покрај тоа што СНС негува односи со ВМРО, изгледа дека негува и канабис со сестринската партија“.
Од СДСМ додаваат дека функционер на СНС беше уапсен при заплена на 5 тони марихуана која, како што напоменуваат, пристигнала од Македонија, а никој не знае како ја поминала границата.
„Велите „нема никакви претензии кон суверенитетот и територијалниот интегритет“? Што точно треба да значи тоа, госпоѓо Брнабиќ? Некоја скриена закана?
Секојдневно за регионот пласирате вести за некакви набавки на најдобро оружје, најдобри авиони, изгледа ви се допаѓа тоа ѕвечкање со оружје од 90-тите, доктрината на Војислав Шешељ.
Да ве потсетиме, можеби сте „заборавиле“, дека Македонија е полноправна членка на НАТО, како што е и мнозинството земји во вашето и нашето опкружување. Затоа тие пораки оставете ги за вашата партиска пропаганда.
За нас Србија е наш најблизок сосед, а српскиот народ го сметаме за еден од нашите најблиски пријатели.
СНС тоа не е и никогаш нема да биде. Останувате само сестринска партија на ВМРО“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Од пролет започнуваме со реализација на клучните капитални проекти за поголемо достоинство на сите скопјани
Градежните активности се одвиваат во полн ек, речиси насекаде низ градот, како јасен доказ дека дадениот збор, станува дело, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
„Со силна динамика и јасна визија, продолжуваме да ја модернизираме инфраструктурата и да создаваме услови достојни за граѓаните.
Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од најважните сообраќајни артерии во општина Аеродром.
По децении запоставеност, оваа улица добива нов, двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари.
Создаваме безбеден, чист и функционален простор – и за возачите, за пешаците, но и за најмладите и највозрасните сограѓани“.
Според него, интензивни градежни зафати се одвиваат и на улицата „Никола Парапунов“, каде како што вели, се поставуваат нови, пошироки и побезбедни тротоари, со подобрена пешачка пристапност и современо урбано уредување.
„Просторот добива нов лик, а жителите услови што ги заслужуваат.
Ова е новото време за Скопје.
Време на работа, резултати и одговорност.
Од пролет, со подобрување на временските услови, започнуваме со реализација на клучните капитални проекти што ќе донесат уште посилна инфраструктурна трансформација за подобра иднина, за поголемо достоинство и за квалитетен живот на сите скопјани.
Продолжуваме. Решително и посветено“, пишува Ѓорѓиевски.
Македонија
ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти се игнорираат нивните барања минималната плата да се зголеми на 600 евра и сите останати за 100 евра, а најави и одлука за генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и денес објасни зошто само 21 работник ќе је блокира Владата.
„ Зошто 21 човек? Затоа што тоа е законскиот минимум за да блокираме некоја институција или некоја сообраќајница. 21 човек затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето кои протестираат, дека ќе ги оцрнуваат луѓето кои ќе протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка на работниците односно да се поддржи самиот себе во борбата за платите“, објасни претседателот на ССМ Трендафилов.
Тој потсети дека ССМ протестира оти Владата и газдите до 31.12. не се договорија за зголемување на платите.
„Владата ги остави работниците на минимална плата да се договараат со газдите за зголемување на минималната плата, а кога синдикатите и работодавачите минатата година се договорија за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари и за таков начин Владата да даде сопствен придонес преку ослободување од плаќањето на придонесите за задолжително социјално осигурување, денеска поради самобендисаноста на поединци во Владата таа одлука го чини државниот буџет или државната каса најмалку 10 милиони евра месечно или најмалку 120 милиони евра годишно“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
ССМ нема да сопре со активностите за зголемување на минималната лата со блокадата на Владата. Доколку повторно не наиде на соработка, Трендафилов најави генерален штрајк.
„Пред донесување одлука за генерален штрајк во јавниот и во приватниот сектор сме. Работниците бараат од ССМ да повика на генерален штрајк онака како што тоа го прават нивните колеги во Грција, Белгија, Франција и други држави. ССМ ќе донесе одлука за организирање на генерален штрајк и со таа одлука секој работник ќе биде заштитен. Генералниот штрајк, според размислувањата, треба да трае 24 часа и за време на штрајкот нема да се извршуваат работните задачи. Сметаме дека сите треба да застанеме рамо до рамо бидејќи видовме дека на маса не нè слушаат, а од улица нè слушаат“, најави претседателот на ССМ, Трендафилов.
ССМ по големиот протест во јануари, овој месец веќе ги блокираше Собранието и стопанските комори и од улица им порача на пратениците и на работодавачите дека нема да се откаже од барањето минималната плата да се зголеми ан 600 евра, а сите останати да се зголемат за најмалку 100 евра.
И покрај протестот и блокадите на работниците Владата не се премисли и остана на ставот дека работниците треба да се договорат со работодавачите за зголемување на минималната плата, а онаму каде што Владата е работодавач, веќе договори зголемување на платите за 40 % до 2028 година.

