Македонија
Мицкоски од протестот: Ќе ги издржиме чарлиевите ангели и мафијашот ама правдата ќе ве стигне
Со паролата „Доле мафија, правда сега”, вечерва ВМРО-ДПМНЕ, го одржа протестот против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.
Протестот почна од Министерството за правда, а заврши пред Јавното обвинителство.

Пред собраните се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицоски кој рече дека не може мафијашката влада да вика дека сме правна држава, а никој да не одговара за криминал.
„Овие 4 години слушаме ветувања за правда, а гледаме само неправда“, вели Мицкоски.
Тој во обраќањето се осврна и на работењето на Специјалното обвинителство, говорејќи за извештајот на ДЗР за ова обвинителство.
„Криминалците од СЈО украле ваши пари 4,6 милиони евра за додатоци на плата, а ништо не сработеа освен да посипуваат со пепел и да уценуваат луѓе за пари. Тие кои што требаше правда да донесат, крадеа тешко спечалени пари на народот“, рече Мицкоски.
Обвини дека извештајот за СЈО бил готов уште пред околу половина година, но бил држен во фиока за да не направи штета на Заев пред изборите.
„Можеа да се дадат 20 не 2 денари на лозарите од Тиквешијата. Можеа да се изградат 4 нови училишта, 5 нови амбуланти, но тие отидоа во џебот на чарлиевите ангели. Свесен сум денеска дека после оваа изјава ќе го навлечам сиот гнев на чарлиевите ангели и свесен сум дека активистите на ВМРО-ДПМНЕ, оние лојалните, чесните, честите кои што останаа со ВМРО-ДПМНЕ, не оние кои што му седат во скутот на Заев и плукаат против мене и ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи против Македонија, коленичат за милост пред мафијата, туку оние чесните од утре ќе бидат повикувани овде, ќе се издржуваат врз нив. Ние ќе издржиме, ќе ги издржиме и чарлиевите ангели, ќе го издржиме и овој мафијаш на власт, ама ќе дојде денот кога правдата ќе ве стигне, доживеал јас или не. Тој ден ќе дојде јас ви ветувам“, истакна Мицкоски.
Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава, иако, како што рече, со обвинителството шансите за одговорност се мали. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ спомена и дека „унапредувањето на Кацарска значи дека онаа што го гази законот, сега трeба да го чува Уставот“.



Според Мицкоски не може да има владеење на правото додека целосно не се расветли случајот Рекет, но и да се расчисти како се пуштале луѓе од притвор за да гласаат во парламентот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека во овие два месеци се случило да излезе извештај дека се потрошени над 8 милиони евра пари за службени автомобили, но ексминистерката Јанкуловска одговара за мерцедесот кој денес власта на Заев го вози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

