Македонија
Мицкоски од Струга: Државата е одземена од рацете на народот, и подарена на тацна на стотина луѓе од ДУИ и измеќарите на СДСМ
Можеби ова се најтешките предизвици за државата, и тоа не се само времиња во кои ќе нотираме дека во државата не чини, туку државата не е ниту на крстопат. Таа е тргната по удолница, во пропаст. Нашата задача не е само да ја промениме оваа власт, туку да ги исправиме работите, да ја вратиме земјата на народот и да го изградиме одново системот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Струга.
Мицкоски истакна дека ова што го имаме сега во државата, е се друго, само не е контрола на народот врз својата Македонија.
„Македонија е одземена од рацете на народот, и подарена на тацна на стотина луѓе од ДУИ и измеќарите на СДСМ. Во оваа земја со слабата власт на Ковачевски, стопан стана Али Ахмети. Падна митот за Али што владееше во ДУИ дека сите краделе, ама ете само тој бил чесниот. Падна митот во моментот кога гледаме како негови роднини 20 годишни деца купуваат зграда среде Скопје од неколку десетина милиони евра. Падна митот за чесноста на Али во моментот кога го видовме дворецот во кој живее, како некој блискоисточен шеик“, нагласи Мицкоски.
Посочи дека овие избори се и за тоа, дали ДУИ ќе продолжи да владее или ќе биде испратена во опозиција, дали Али и стотина разбојници од ДУИ поддржани од измеќарите СДСМ се посилни од два милиони народ на кого донесоа порази и одземено достоинство.
„Дуизацијата на Македонија не значи само девастирање на институциите и системот, туку и одземена контрола на народот над државата. И кога ќе речам народот, тука мислам на сите граѓани на Македонија. Затоа што сите подеднакво страдаат од тоа што тандемот Ковачевски Ахмети и го прават на Македонија. Македонија е посилна од оваа тесна клика која сака да управува со животите на сите. И силата лежи на овие избори, во моќта да се преземе контрола над своите судбини и да се заокружат промените. И таа сила е народот. Доаѓа крајот на тие кои печалат над несреќата на народот“, потенцираше Мицкоски.
Нагласи дека бранот на промени ќе биде голем и за Стево Пендаровски, човекот, како што оценува е без став, служи за надополнување и потврдување на штетните политики на власта.
Мицкоски порача дека народот ќе излезе масовно и ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, бидејќи според него, доста е гледање како државата пропаѓа и доста е од политичари кои не го слушаат својот народ.
П„ромените ќе ги започне професорката Гордана Силјановска Давкова. Гласајте и заокружете го бројот 2, затоа што тоа значи крај на понижувања, крај на поразите кои ги преставуваат од власта за победи. Крај на непромислената и лековерна политика зад која седат лукративните интереси на стотина политичари. Гордана е жена со став и принципи. Како и сите нас, и таа можеше да си одбере мирен и спокоен живот, но е во политиката затоа што има знаење, има интегритет и затоа што сака заедно со нас, со народот да ги менува работите на подобро. Изборот на Гордана за претседател е избор за горда Македонија, држава која ќе се води со знаење и со ставови. Човек со свое обележје и лидер кој ќе ја преставува и брани Македонија во светот“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

