Македонија
Мицкоски опкружен со дилери и криминалци, ДПМНЕ е опасност за граѓаните, вели СДСМ
Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје, велат од СДСМ.
„Јавноста го виде Мицкоски во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, кој неодамна е приведен, а претходно како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.
Мицкоски имал средби и со осомничениот за двојното убиство што ја потресе македонската јавност Палевски, кој беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица,
ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога“, оценуваат од партијата на власт.
Додаваат дека со дрога беше фатен и истакна тчлен на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани.
Според СДСМ, не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани. ДПМНЕ, додаваат од таму со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно.
„Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски. Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира.
Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните“, потенцираат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.