Македонија
Мицкоски: Пендаровски ја зароби канцеларијата претседател, да му помогнеме да се исели од Македонија и да не и се повтори таков срам
„Ќе зборуваме за тема која што е исклучително актуелна во периодот кој што следи, бираме иднина. Бираме иднина каква што заслужуваме. Иднина која што треба да биде горда “, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг од Вевчани.
Мицкоски додаде дека неговото главно прашање до вевчанци е дали се подготвени да ја направат Македонија горда повторно.
„Ако сме подготвени Македонија да ја направиме горда повторно, тогаш изборот е јасен, а тоа е Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија“, порача Мицкоски.
Тој потсети дека пред седум години актуелната власт патуваше низ градовите низ Македонија и ветуваа на граѓаните дека ќе донеле живот. Но тие донесоа само корупција, криминал, сиромаштија, неправда. А нивниот пиун Стево Пендаровски ја зароби канцеларијата на претседател на Македонија. Во Македонија има живот за малкумина, а тоа е само за оние кои што ја заробија државата.
„Нема среќен човек, нема ведрина, нема насмевка на луѓето. Затоа што денеска сите граѓани во Македонија чувствуваат како некој да им ја одзел државата, како да ја киднапирал државата, како да се граѓани од втор ред“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека Македонците денес во Македонија се чувствуваат како да се граѓани од втор ред. Но, напомена дека таквото чувство не се развива само кај Македонците туку и кај Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите итн.
„Ајде да му помогнеме да се исели Стево Пендаровски од Македонија и да не и се повтори на Македонија таков срам во иднина“, порача тој.
„А, од другата страна имаме жена титан, жена која што не молчеше кога другите молчеа. Жена која што во својата професионална кариера ја бранеше Македонија насекаде во Европа и во светот. Жена која што беше визитинг професор и ментор на најпрестижните американски и канадски универзитети. Жена која што во Советот на Европа беше експерт по политики на локално ниво, експерт по уставно право и политички систем. Жена која што кога беше член во Венецијанската комисија ги подучуваше членовите во Венецијанската комисија кои што доаѓаат од другите европски земји“, рече тој.
Мицкоски додаде дека Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор за Македонија, претседател кој што ќе ја направи Македонија горда повторно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени
ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашниот собир во Конче во поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев.
Тој остро ги осуди притисоците врз граѓаните во текот на кампањата, потенцирајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги заплаши луѓето преку институциите.
„Со полиција, финансиска полиција, шумска полиција, преку социјалните служби, прават притисок врз граѓаните. Сакаат да потсетат на времето кога сите живеевме во страв и уцени. Но тоа време заврши. Луѓето сакаат нормален живот, без притисоци, без закани, без поткуп,“ рече тој.
Филипче повика на масовна излезност во недела и поддршка за кандидатот на СДСМ, Благој Илиев.
„Да излеземе во огромен број во недела и да го заокружиме бројот 5 за Благој Илиев, човекот кој работи за вас, не за себе. За Конче да продолжи да се развива“, рече Филипче.
Тој кажа дека градоначалниците од СДСМ реализирале 90 до 100 проценти од ветеното.
„Нема општина во која СДСМ има градоначалник, а да ветената програма не е завршена 90 или 100 проценти“, рече Филипче.
Тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат разликата кога општините ги водат луѓе кои работат чесно и посветено во интерес на сите.
„Многу добро знаете како Благојче работеше во минатиот мандат, како се однесуваше додека беше градоначалник, дека вратата му беше секогаш отворена и дека работеше за доброто на општината и на вас, граѓаните“, порача Филипче.
Претседателот на СДСМ во своето обраќање нагласи дека токму оваа разлика меѓу одговорно и неодговорно владеење се гледа насекаде низ државата.
„Нема општина во држава во која што има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а да програмата е завршена повеќе од 20 проценти. Како да се натпреваруваат кој помалку ќе работи за граѓаните“, рече Филипче.
Македонија
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, со поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар.
Таа, потенцира дека сега е моментот да се изберат резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања, токму затоа ја дава поддршката на Горан Герасимовски, кој, според Зајкова, ја препознава граѓанската визија, има искуство и е подготвен да работи посветено за доброто на заедницата.
„Одејќи накај Собрание (бидејќи работиме на новиот Предлог- закон за комунална полиција), наидов на предизборните активности на кандидатот за градоначалник на општината во која живеам. Водејќи се од визијата дека на граѓаните им се потребни искусни луѓе кои испорачуваат резултати, а не изговори, упатувам особен повик до сите граѓани кои во првиот круг гласаа за кандидати кои не влегоа во вториот круг: Поддржете кандидат кој ги разбира вашите потреби, кој со своето искуство и посветеност ќе испорача повеќе резултати и веднаш ќе започне со работа – со завршување на започнатите проекти и реализација на нови решенија во интерес на сите нас. Затоа давам поддршка за луѓе како Горан – кои ја препознаваат граѓанската визија, имаат искуство и се подготвени да работат посветено за доброто на заедницата. Сега е моментот да избереме резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања“, напиша Зајкова, на својата објава на Фејсбук.
Македонија
Утре сончево време со температура до 21 степен
Времето утре наутро ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла

