Македонија
Мицкоски-Пич: Разговарано за енергетската криза и потребата од солидарност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и членот на ИК Драган Ковачки оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство, Сер Стјуард Пич, кој беше придружуван од амбасадорот Метју Лосон во Република Македонија.
На состанокот се разговараше за актуелната состојба на европскиот континент и потребата од солидарност. Меѓу другото и за енергетската криза, од која Македонија особено е погодена.
ВМРО-ДПМНЕ како партија е силно за борбата со криминалот и корупцијата, заложба која не ја гледаме кај власта, и поради која сметаме дека е неопходно да дојде до промени, велат од таму.
Од страна на Мицкоски бил истакнат и планот Македонија под влада на ВМРО-ДПМНЕ да стане целосно енергетски стабилна, во однос на производството на струја, што ќе значи безбедност за државата и за системот на НАТО од кој сме дел. Но и интензивирање во работата на гасоводите и диверзификација на изворите.
Од страна на специјалниот претставник Пич беше истакнато дека Обединетото Кралство ќе продолжи со поддршката за напредокот на земјата и животот на нејзините граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

