Македонија
(Видео) Мицкоски: ПОДЕМ е нашиот верен сојузник и партнер во нашата борба за подобра иднина
Велат ако нешто трае повеќе од една година значи ветува дека може да се постигне многу, кога нештото трае 5 години значи дека може да опстои на сите турбуленции и предизвици, а она што трае повеќе од 10 години веќе прераснува во традиција што мора да се почитува. Затоа дозволете ми во мое име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да ви ја честитам 11-годишнината од основањето на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, партија којашто од основањето до денес активно придонесува во демократскиот живот и политичката сцена, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прослава по повод 11-годишнината од основањето на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ.
Според Мицкоски, ,,големината на една партија е во големината на љубовта кон татковината, но и мноштвото идеи за подобра иднина на своите сонародници во земјата и надвор од неа”. ,,Токму затоа можам да кажам дека ПОДЕМ е многу поголема партија од партии кои денес егизистираат на власт бидејќи и со примери и со дела покажале и докажале дека Македонија е нивниот идеал и дека демократските вредности, напредокот и подобрата иднина се нивната водилка низ ова 11-годишното функционирање. Партија која покажува во овие времиња дека има сила да се спротивстави и да каже НЕ на погрешните политики на власта, и тоа во периоди кога тоа е нималку не лесно да се направи и за што знам дека наместо комформизмот и сладострастието на власта, го одбра правилниот пат и застана со народот.
Токму поради ова со полна сигурност можам да кажам дека ПОДЕМ е нашиот верен сојузник и партнер во нашата борба за подобра иднина, борба која трае и ќе заврши кога катастрофата наречена Зоран Заев и СДСМ ќе замине во темната историја во Македонија. И вие како и сите граѓани на Македонија чувствувате дека Заев ја турка Македонија кон амбисот, кон амбисот со целиот економски колапс што го предизвикува, осиромашувањето на народот на сметка на личното богатење, рушењето на достоинството на граѓаните и континуираното уништување на угледот и позициите на државата. Македонија во време на изгубениот Зоран Заев станува загубена држава и затоа наша должност е да застанеме на овој пат на разнебитување на нашата земја. Заедно мораме да ги сплотиме силите, да ги збиеме редовите и да се спротивставиме на непогодата наречена Зоран Заев. Тој е веќе на колена и го покажува целиот свој очај и немоќ. Неговото блескање кое само тој го гледаше се претвори во беда и срам. Неговиот систем евро за Вицето целосно ги замени европските вредности. Неговите квази реформи во судството и администрацијата се претворија во лична амнестија за криминалите и максимално партизирање и приватизирање на институциите. Правото се претвори неправда, а правната држава во полициска држава за прогон на политички неистомисленици.
Свесни сме дека си имаме работа со однародена власт која се одлепила од реалноста, а истовремено заглавена до гуша во скандали, корупција и криминал, па станува сè понервозна и пожестока кон својот народ. Но колку повеќе удираат, толку повеќе народот се обединува во нашата борба. И кога ќе ми речат лошо е, одговорот е, полошо е од најлошото. Кога ќе помислите дека е пробиено дното, Власта нè демантира дека има ново уште поголемо дно. Така е и во економијата. Нема пари, а буџетот се троши само за социјални трансфери и купување социјален мир. И тоа може да функционира година-две, но не може така вечно. УЈП има дупка во прибирањето даноци, и тоа е така зашто народот нема пари, бизнисот трпи, а граѓаните влегуваат во уште поголема сиромаштија.
Ќе потсетам дека ветуваа 5% раст, а ќе бидеме среќни доколку се постигне половина од тоа. Земјоделците мака мачат со откупот, а во здравството успех има само во наместените тендери. Сè останато тоне. И онаа малку надеж што беше, а се однесуваше на брз напредок во преговорите со ЕУ гледаме дека се претвори во нов неуспех. Датум за преговори нема зошто Европската Унија констатираше отсуство на реформи и постоење корупција. Нема одење во Европа со градоначалник кој физички се пресметува во својот кабинет, а обвинителството спие. Со генерален секретар на влада кој не чувствува одговорност за скандалот во кој е вовлечен. Нема во Европа со наместени тендери во здравството за опрема која сега се плаќа два или повеќе пати поскапo. Нема во Европа со премиер кој договара мито од 100 илјади евра за Вартоломеј, и се впушта во криминал за 5 секунди. Нема во Европа со прогон кон опонентите. Македонците стануваат граѓани од втора категорија во својата земја. Сменето име, историја која Заев ја прекројува како ќе му текне само за да остане на власт.
Имам една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека Зоран Заев создава изгубена и упропастена држава. Добрата вест е дека ќе ги победиме. И ќе ги победиме силно. Ова мора да престане затоа што е премногу. Затоа мојата, нашата борба е за Македонија која вистински ќе оди напред. Мојата визија е за Македонија која ќе биде членка на Европската Унија, држава која сериозно ќе се бори против криминалот, корупцијата и неправдите. Овој канцер кој ја гуши земјава десетици години мора да биде победен.Мојата визија е за Македонија која ќе биде технолошки тигар на Балканот, со развиена економија и која ќе биде место каде што ќе се случува технолошка и економска експанзија. Мојата визија и нашата борба е за Македонија која ќе има квалитетно здравство и образование. Која ќе нуди поддршка на земјоделците преку загарантиран откуп. Мојата визија и нашата заедничка битка мора да биде да го сочуваме достоинството на секој еден граѓанин. Затоа ни е потребна обнова. Обнова во секој еден руиниран сегмент во општеството. Доаѓа ново време кога политиката мора да биде работа на принципи, разум и труд. Многу работа и чесност.
Јас во мојот живот немам заработено нечесно ниту едно пенкало, имам принципи на кои ме учеле од мал, моите родители. Тоа го барам од секој еден мој соработник. Оваа обнова за која зборувам може да ја донесе оваа нова генерација на политичари која мора да ги победи старите ликови од транзицијата. Тоа е можно и тоа заедно ќе го направиме. Сметам на ПОДЕМ, верувам на нејзината сила и ПОДЕМ е еден од нашите најверни коалициони партнери. Ништо во животот не е лесно и не е брзо, но подобро да победиме во тежок и исцрпувачки маратон, отколку да бидеме поразени на краток и молскавичен спринт. Нека ви е честит роденденот и посакувам уште многу години опстојба на македонското политичко небо”, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

