Македонија
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
Да се воведат механизми кои нема да дозволат билатерални спорови да се пречка за остварување на заедничка цел, порача премиерот Мицкоски од состанокот на постојаниот комитет на парламентарното собрание на НАТО чиј домаќин е земјава.
Според него, досега биле направени многу отстапки и одрекувања за остварување на државните цели како што е членството во НАТО, но како што вели, потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа, со кој ќе се одблокира и европската иднина за државата.
„Пријатели си помагаат, но и пријатели искрено си ги кажуваат своите чувства и забелешки. Сметам дека треба да се размисли и за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел. Ако ние сите заедно ја чуваме куќата, тогаш и заедно имаме право да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања. Ние ќе останеме лојален партнер, и заедно и посветено ќе работиме кон остварувањето на колективните цели“, истакна премиерот.
Пред шефовите на парламентарните делагации од земјите членки на НАТО, Мицкоски се осврна и на трагедијата во Кочани по која сојузниците ја покажале својата солидарност. Помош понудиле десет европски држави, а преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ дел од повредените заминаа на лекување во странство.
„Оваа трагедија ни покажа дека солидарноста не е само збор, туку дело што ги поврзува народите. Таа е темелот на нашата Алијанса-принцип што не води во заедничките напори за зачувување на мирот и безбедноста. Солидарноста значи дека кога еден од нас страда, сите страдаме. Кога еден е во неволја, сите притрчуваме на помош. Во изминатите пет години од нашето членство во НАТО, активно придонесувавме кон колективната безбедност и стабилност на Алијансата“, кажа Мицкоски.
Состанокот на Парламентарното собрание на НАТО кој се одржува во Скопје доаѓа на петгодишнината од членството на земјава во северноатланската алијанса, а денеска се одбележуваат и 76 години од основањето на НАТО како камен темелник на европската и северноамериканската безбедност..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

