Македонија
(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот ден е црн за демократијата.
Мицкоски на новинарско прашање одговори дека не му било допуштено да го посети Јанакиески, кој се наоѓа во болница по тепачката во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера му беше одреден 30-дневен притвор.
„Не ми дозволија да го видам Јанакиески. Дојде дежурниот доктор и рече дека има повреди по телото. Станува збор за тешка ситуација пред вратата на Јанакиески. Педесет полицајци беа таму и јас со неколку луѓе. Директорот требаше да се јави кај Зоран Заев за да види што ќе рече тој. Денеска видовме дека затворениците немаат права и исто така се подложни на тортура“, рече Мицкоски, кој претходно беше запрен од обезбедувањето, кое му укажа дека за посетата треба да побара одобрение од судот.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека случајот со тепачката во затворот ќе биде пријавен кај меѓународните фактори. Рече дека никој не ја признава грешката, туку ја правдаат со евтин пиар.
„Лудилото продолжува. Оваа криминална Влада го покажува вистинското лице. Денес се жртви Спире и Миле, а утре ќе биде секој од вас. Ова е преседан, државата не успеа да ги заштити“, рече Мицкоски пред болницата.
Тој побара одговорност да преземат премиерот Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Треба да размислите што се случува во Македонија. Веднаш оставка од овие луѓе и предвремени избори. Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода што може да ги измие“, рече Мицкоски и додаде дека ако ова е животот што дошол во Македонија, да им служи на чест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

