Македонија
Мицкоски: Пратениците да го поддржат законот со кој ќе се продолжи важноста на личните карти и пасошите
При денешната посета на општина Кавадарци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за коментар за состојбата со пасошите, истакна дека поради лошите политики на СДСМ и ДУИ, граѓаните се затвореници во сопствената држава, а единствен начин да се стави крај на тоа е да се поддржи иницијативата за законот во Собранието, со кој што ќе се продолжи важноста на личните документи – личните карти и пасошите.
„Што се однесува до кризата што ја наметна владата на СДСМ и ДУИ со своите кадри во Министерството за внатрешни работи изминативе години, а тоа е во издавањето на патните исправи или пасошите, ние коментираме повеќе од еден месец, јас лично реков дека неодговорниот однос и незнаењето, би рекол, непочитувањето кон граѓаните, што го имаат раководните кадри на СДСМ и ДУИ во МВР, работењето исклучиво да се прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, мене лично, луѓето околу мене, а да не се работи за државата и тоа што е потребно за граѓаните, доведе да се случи ова што се случува. Многу едноставна работа не е во прашање политика во прашање е физика и математика вие во овој момент имате повеќе од милион граѓани кои што треба да извадат нови патни исправи или пасоши, околу милион и 100 илјади, имате две машини кои што работат од 7 до 10 часа на ден секој од нив има капацитет 120 патни исправи, како сакате во идеални услови да работат да нема никаков испад да нема никаков дефект да има навремено обезбедено обрасци вам ви се потребни повеќе од две години за да биде потребата задоволена. Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој е тој виновникот кој што ги доведе граѓаните во оваа подредена положба а и Македонија во подредена положба. Видовте на навремената акција на министерот на МВР, техничкиот Панче Тошковски во парламентот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа измени во законот за возачките дозволи и фала му на бога се донесе тој закон во експресна процедура и барем возачите во Македонија нема да плаќаат казни затоа што некој ги остави на цедило затоа што на време не обезбеди да тие можат да ги заменат возачките дозволи. Уште еднаш голема благодарност и до техничкиот министер Панче Тошковски но и до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и останатите во македонскиот парламент кои што ја подржаа иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и се донесе оваа измена со која што практично се продолжи рокот на важење на возачките дозволи. Истовремено апелирам до пратениците без разлика од која политичка партија доаѓаат да ја поддржат иницијативата на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ и истото тоа да го направат и за личните карти и за пасошите. Еве беше Талат Џафери во Брисел, помина, се гоштеваше, газеше црвени теписи таму и се врати назад, нема резултат. Тоа може да се случи само во македонскиот парламент. Ги повикувам пратениците да стават крај на голготата на македонските граѓани да не бидеме затвореници и притвореници поради лошите политики не државните политики, а националните политики на владата на СДСМ и ДУИ и да не бидеме притвореници во овие 26 илјади квадратни километри. Има единствен начин да се стави крај на тоа, а тоа е да се поддржи законот со кој ќе се продолжи важноста на личните документи – личните карти и пасошите“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“

