Македонија
Мицкоски: Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултирелигиско, мултијазично и мултиетничко општество
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сите припадници на ромската етничка заедница им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.
„На овој ден Република Македонија ги одбележува културната специфичност и традицијата на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија.
За нас, ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултирелигиско, мултијазично и мултиетничко општество.
Како во минатото, така и во иднина ВМРО-ДПМНЕ напорно ќе се залага за унапредување на социо-економскиот статус, политичката и културната позиција на Ромите во општеството.
Потребна е поголема поддршка за подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите во Република Македонија бидејќи само со инклузија на Ромите ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат Ромите денес во Република Македонија.
Цврсто сум убеден дека во иднина ќе продолжиме со концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување стабилно и одржливо мултиетничко општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

