Македонија
Мицкоски: Сакам да ги предупредам граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта
Би сакал денеска на овој митинг, во овој за мене посебен град, кој многу го сакам, да истакнам една важна работа, која чувствувам дека токму тука треба да ја кажам. Сакам да испратам до целата јавност важна порака. Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.
Сакам да ги предупредам граѓаните, додаде Мицкоски, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат.
„Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното. Луѓето не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски со порака: „Но, сакам да им порачам бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

