Македонија
Мицкоски до администрацијата: Не се плашете, сигурни се вашите работни места
Како поминува времето до денот на гласање, притисоците, пропагандната машинерија на власта, обидите за поткуп на вашиот глас се засилуваат. И тоа го прават не затоа што се моќни, туку затоа што се слаби и знаат дека ќе загубат. Само слаба власт посегнува кон злоупотреба на моќта на државата. И тука сакам да потенцирам неколку работи. Лудилото во кое се наоѓаат пред сè поради стравот од пораз кој ќе им се случи е толку големо што тие посегнаа да шират невистини, да подгреваат тензии, да измислуваат работи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Кичево.
„Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме“, рече Мицкоски.
Затоа, кажа Мицкоски, испраќам порака до тие луѓе да не се плашат.
„Сигурни се нивните работни места и на овие избори да излезат на гласање и слободно и независно од какви било притисоци да си ја изразат својата волја позади параванот. Не плашете се затоа што тие кои го велат тоа, треба единствено тие да се плашат, затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат цел на политички прогон, ниту, пак, ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани. Треба и конечно да заврши времето кога луѓето кои се недолжни да треперат за тоа дали ќе се промени власта затоа што може да останат без работа. Јас и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимаваме со работа, проекти и развој, и за тоа е потребен секој еден човек, а не со чистки, притисоци и реваншизам“, рече Мицкоски од Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

