Македонија
Мицкоски: Укинувањето на акредитацијата за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга е поради тоа што е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите
Тоа е укинување на претходно издаденото решение бидејќи е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали се стега обрачот околу ДУИ бидејќи Владата донесе одлука за поништување на акредитација за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга, како и укинување економските директори на клиниките.
Мицкоски истакна дека истата комисија, која претходно издала согласност, ја поништила издадената согласност.
„Ако длабоко навлезете во таа постапка, ќе видите дека практично комисијата што претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништува издадената согласност. Така што на Министерството не му преостануваше ништо друго, освен да постапи по тие насоки. И затоа претходната согласност за организирање таков тип на студии на Универзитетот, претпоставувам зборувате во Струга, е практично поништена и сега таму тие немаат право да организираат таков тип на високообразовна настава“, изјави премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

