Македонија
Мицкоски: Царина и УЈП со најдобри резултати од постоењето, овие пари досега завршувале во нечии џебови
Царинската управа и Управата за јавни приходи бележат најдобри резултати од постоењето, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Првиот човек на Владата преку статус на социјалните мрежи пишува: „Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат“.
„Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.
Директорот Бобан Николовски ме извести дека месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи.
За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петрова наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.
Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање.
Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот“, пишува Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

