Македонија
Мицкоски: Честит Рамазан Бајрам до муслиманските верници со желби за среќа, бериќет и промени во Македонија

По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.
„Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени“, истакна Мицкоски.
Во своеото обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Измамен кумановец за 1,1 милион денари при купување градежни машини

Триесет и петгодишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од две лица за износ од 1.110.000 денари, соопшти МВР.
Според пријавата, лицата го контактирале преку мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини што пријавителот сакал да ги купи. По договорот, тој, по нивни насоки, ги предал парите на едно од лицата преку каса прими на приватен субјект.
Кога подоцна се обидел да ги подигне машините, лицето му рекло дека работи сам и дека парите требало да се уплатат на негова сметка. Пријавителот потоа забележал дека истите машини повторно се огласени за продажба и сфатил дека бил измамен.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Македонија
Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со, како што рече, историско значење за дигиталната трансформација на Македонија.
Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ – носител на проектот.
„Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија, во која Владата, универзитетите и индустријата заеднички градат национален систем за вештачка интелигенција, со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција. Ова е суштински чекор за нашата научна, технолошка и иновациска заедница,“ истакна министерот Андоновски.
Центарот ќе биде придружна единица на европската AI фабрика „Pharos“ со седиште во Грција, што на македонските институции, истражувачи, компании и стартапи ќе им овозможи пристап до европски суперкомпјутери и напредни податочни простори.
„Проектот има и јасна општествена мисија – да создаде национален екосистем за одговорна и доверлива примена на ВИ во следните пет приоритетни области: Прво и најзначајно: Јазик и култура – целта на овој проект пред се е системски развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство; Понатаму примена на ВИ во Здравство – анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги; Енергетика – оптимизација на производството и потрошувачката на енергија; Јавна администрација – автоматизација на процеси и зголемена транспарентност; Земјоделие – примена на паметни технологии за современо и одржливо производство“, рече Андоновски.
Додаде дека суштината на „Везилка“ е едноставна: да создадеме интелигентни решенија кои му служат на човекот – да направиме технологијата достапна, корисна и етична.
Дополнително, „Везилка“ ќе функционира и како центар за обука и развој на човечки капитал, каде ќе се организираат тренинзи, практични проекти и едукативни програми во областа на вештачката интелигенција.
„Создаваме систем, а не ад хок проекти. ‘Везилка’ ја симболизира нашата визија – Македонија како дигитално суверена држава со силна научна и иновациска основа. Ова е чекор со кој нашата земја станува активен партнер во европскиот технолошки простор, а не само набљудувач.“, додаде министерот Андоновски.
На крајот, тој упати јавна покана до сите академски и научни институции, како и до приватниот сектор, да се вклучат во овој национален проект со европска димензија, со цел градење на една паметна, дигитална и иновативна Македонија.
Македонија
Пријателите и соработниците се простуваат од Панчо од ДНК: „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“

Пријателите и соработниците се простуваат од Владимир Блажев – Панчо кој почина седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ.
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, стои во пораката на Миа Костова.
„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“, напиша Антониа Гиговска.
„Душата ми е распарчена стари…
Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам.
Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.
Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг…
Стари мој, се што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.
Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш… 💔“, напиша Таско.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram