Македонија
Мицкоски: Ќе бидам утре во Благоевград да дадам поддршка на Mакедонците од Бугарија
При денешната посета на општина Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски даде изјава во однос на изјавите на Маричиќ, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски дека не чувствуваат потреба да одат на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија и отсуството на државниот врв, изјави дека тоа е одлична можност да се покаже национално единство и грижа за македонскиот народ но жали што тие одлучиле да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ, а тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утре во Благоевград.
„Тоа беше одлична можност да покажеме единство, да дојдат сите таму, и да им дадеме поддршка на нашинците од Пиринскиот дел на Македонија, од Бугарија, јас ќе одам утре, на тој начин што мислам дека ќе значи тоа и за нашите, за повеќе самодоверба, поддршка плус од овде дека не забораваме, дека напротив, планираме и понатаму многу интензивно да ги поддржуваме нашите од таа страна на границата во соседна Бугарија, и тоа е одличен настан за да покажеме дека тоа што го зборуваме дека се грижиме за македонскиот народ, за македонскиот идентитет навистина се грижиме а не го зборуваме тоа само со празни зборови и реченици. Многумина гледам на јавната сцена сакаат да направат знак на равенство помеѓу тоа што го прават со отворање на бугарски клубови, кои што носат фашистички имиња и ова што го прават нашите Македонци во соседна Бугарија со името на Никола Јонков Вапцаров но тоа не е така, затоа што Вапцаров обединувал,поврзувал, спојувал, за разлика од да речеме случајот овдека во Охрид каде што јасно и недвосмислено, практично имаме локален клуб кој што носи име на соработник на нацистичкиот режим и фашистите за време на Втората Светска Војна. Уште еднаш ќе кажам и ќе повторам дека ова беше одлична можност државниот врв да дојде да покажеме национална единство, жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ но ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

