Македонија
Мицкоски: Ќе консултираме експерти дали да бараме референдум
ВМРО-ДПМНЕ анализира дали треба да се распише референдум на кој граѓаните би кажале свое мислење на прашањето дали го прифаќаат билатералниот протокол со Бугарија, кој е веќе потпишан. Ова е вториот план кој е можно да се активира доколку опозицијата собере 150.000 потписи за распишување, а таква одлука донесе и Собранието. Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека анализата трае.
„Ова се сериозни работи. Сакаме кога ќе излеземе пред граѓаните, сакаме тоа да се темели на факти. Во периодот кој се следи ќе консултираме експерти од уставното право, за јасно да дефинираме прашање со кое ќе излеземе“, кажа Мицкоски.
Тој беше прашан и зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не останале во салата да гласаат „против“ заклучоците за францускиот предлог.
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јасен дека ние сме против. Но огромна лага е тоа што сакаат да ја протнат се гласало за модифициран предлог. Во парламентот се гласаше за документ со помало правно значење од тој документ. Тие кои гласаа, не знаеја за што гласаат, бидејќи протоколот не беше составен документ и го немаа видено. Предлог-заклучоците немаа никаква врска со ова што го потпиша Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да легитимираат политичко дивеење и насилство. Ние бевме за време на расправата, дебатиравме, го кажавме нашиот став дека сме против, но, за жал, има 68 кои одлучија да глумат некакви заклучоци“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

