Македонија
Мицкоски: Ќе ја поддржиме Владата да обезбеди финансиски средства за фирмите поради кризата
На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари, затоа задолжувањето на Владата иако непопуларна, но е единствена опција во овој момент за да му се помогне на стопанството, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Нема да пишуваме писма до кредитобарателите за откажување на задолжувањето како што тоа го правеше СДСМ кога беше опозиција, туку ќе ја поддржиме владата во намерата да обезбеди финансиски средства за сервисирање на потребите на фирмите во периодот на кризата.
Заменик техничка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска го потпиша барањето за заем од ММФ во висина од 87 милиони евра, Светска Банка од 100 до 120 милиони евра, и од странските банки до 400 милиони евра.
Многу поважно во овој момент се мерките кои ќе се воведат за да овие пари правилно се искористат и се помогне на компаниите. Уште еднаш ја повикувам владата да донесе мерка со која државата ќе покрие 50% од трошоците за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења.Да се однесуваме одговорно затоа што така се сака Македонија“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

