Македонија
Мицкоски: Починаа 51 лице, ако одговорноста не е на Заев, чија е?
Починати се 51 лице од коронавирус, а Заев вели не чувствувал одговорност. А ако не е ваша, чија е?, напиша фејсбук-статус лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација“, напиша Мицкоски.
„Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност. Нема бегање!“, додава Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан договор за доградба на основното училиште „Панајот Гиновски” во Бутел 2
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор со Министерството за образование и наука, за доградба на општинското основно училиште „Панајот Гиновски” во Бутел 2.
„ООУ ‘Панајот Гиновски’ е дел од проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП). Договорот предвидува доградба на училиштето на површина од 400 м2 – 4 училници, 2 санитарни јазли, ходник и поврзување со постоечкиот објект. Локалната самоуправа по 56 години изврши реконструкција на фасадата и ќе преземе активности за реконструкција на училишната спортска сала“, вели Костовски.
Тој додава дека реализирањето на проектите во ООУ „Панајот Гиновски” ќе обезбеди услови за транзиција од двосменска во едносменска организација на наставата.
Костовски, исто така, рече дека во населеното место Бутел 2 се гради и нова детска градинка.
Македонија
Меџити: Во Чаир се реализираат конкретни проекти
Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Денес, како што е соопштено, беше извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.
Работите ќе продолжат со завршната фаза, која опфаќа поставување на јавно осветлување, со што просторот ќе стане побезбеден и пофункционален за сите жители.
„Во Чаир се реализираат конкретни проекти. Реални инвестиции и стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор повеќе кон поразвиена и побезбедна општина,“ истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
Во продолжение ќе се работи со ист интензитет и на асфалтирање на другите улици предвидени во рамки на овој проект, соопштија од општина Чаир.
Македонија
(Видео) Јакимовски: Ако победев на изборите немаше да броиме 100 дена, туку завршени проекти
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео на Фејсбук во кое вели дека доколку победел на локалните избори, немало да брои 100 дена, туку завршени проекти.
„Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена. Ќе броевме завршени проекти. Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена. „Пролет“ кај Канела ќе беше во завршна фаза – а децата на 1 мај ќе влегуваа во нов простор, не во ветувања. Спортската сала во ООУ „Димов Хаџи Димов“? На 8 март ќе сечевме лента. Улиците Петар Чаулев, Козле 3, Софиска, Џумајска, Јуриј Гагарин, Загребска, Атинска, Бранислав Нушиќ, Трифун Бузев – ќе беа завршени. Канализациите во Бардовци и на Ловќенска ќе беа решени. Потпорниот ѕид на Загребска ќе беше безбеден, а не тема за оправдувања. Проектите за катни гаражи во Карпош 1 и Карпош 2 ќе беа готови, со распишани тендери“, вели Јакимовски.
Додава дека не е прашањето во деновите, туку прашањето е во посветеноста.
„Кој знае – прави. Кој не знае – брои. А денот се познава по утрото. Како што почнаа овие 100 дена – така ќе изгледаат и следните 1.000“, вели Јакимовски.

