Македонија
Мијалков нè избрка, сега бараме Бугарија да ја спаси куќата на големиот бугарски писател Талев, велат неговите наследници
Димитар Талев е една од најобединувачките фигури меѓу Бугарија и Македонија. Мора да градиме мостови меѓу двата народа, а Талев е пример, ја сака Македонија. Сакаме државата да влезе во директни преговори со сопствениците на куќата на Талев, да ја откупи и зачува“, порача Димитар Панчев, наследник на бугарскиот писател Димитар Талев, јавува „Бгнес“.
Наследниците на писателот Талев, студентскиот клуб „Кан Кубер“ и клубот „Патријархатот и патриотизам“ на прес-конференција во врска со можностите и решенијата за куќата на Талев ја повикаа бугарската држава да направи сè што е потребно за да се зачува овој, како што велат, споменик на Бугарија во Македонија.
„Куќата паѓа. Ние сме протерани од нашата земја. Сашо Мијалков, ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, нè избрка од таму и се вративме кај татко ми. Приказната за Димитар Талев се повторува, тој беше избркан, сега јас и моето семејство бевме избркани. Срамота за Бугарија, да не може да собере 100.000 евра за една куќа, срамота“, изјави Снежана Аческа.
„Бугарската држава треба да зачекори во својата улога и да ја спаси куќата на големиот бугарски писател од РСМ – Димитир Талев. Не треба да дозволиме да се отсече националното и културното наследство. Турската страна сака да ја даде куќата под закуп бидејќи е пример за отоманска архитектура, турската држава има фокусирана политика да ги зачува овие објекти, врз кои имала влијание, ова е т.н. мека моќ. Бугарија треба да има насочена политика кон такви луѓе, кои се толку важни за Бугарија“, рече Љубомир Талев.
„Куќата на Димитар Талев е света за сите нас – во неа се развиле познати романи“. Ова го изјави професорот Михаил Неделчев.
„Бугарија да има една куќа – музеј, симбол на бугарската култура и литература во центарот на Прилеп, тоа дефинитивно треба да се случи. Како историчар силно ја поддржувам оваа кауза и максимално ќе помогнам да се зачува куќата на Димитар Талев“, истакна Неделчев.
„Каква и да е цената на таа куќа, таа е неспоредлива со бесценетата литература на Димитар Талев. Ова е огромен имот за Бугарија и треба да се зачува, куќата нека се изнајми бидејќи за бугарската страна тоа е бесценето“, вели наследникот на Гоце Делчев.
„Ако имаме проблем, тоа се нарекува индолентност на бугарската држава. Ние треба да го чуваме споменот на Димитар Талев, тој може да стане објект на туризам меѓу двете страни. Овој објект може да бара европско финансирање“. Ова го предложи Спас Ташев од БАН.
На прашањето на „Бгнес“ до кои институции се доставени барањата за зачувување на куќата на познатиот писател, Димитар Панчев изјави дека биле доставени писма до МНР и до Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура, но досега, како што кажаа, нема резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.
Македонија
Поради одрон во тунелот, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една лента
Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.
Денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички зафат од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување.
Македонија
Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби
Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека на барање на одбраната, Груби во текот на денешниот ден бил спроведен пред надлежниот обвинител каде вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението.

