Македонија
Младиот фудбалер Лука Јаневски со признание за најдобар голман на ,,Фудбал за пријателство“
Финалните активности од седмата сезона на Интернационалната општествено одговорна програма ,,Фудбал за Пријателство“, под покровителство на компанијата Гаспром, изминатата недела се одржаа во Мадрид. Во рамки на овој проект учество заземаа македонските претставници, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски – млади фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска – млада новинарка.
Централен настан на финалните активности на проектот беше Светското првенство во Фудбал за Пријателство, во чии рамки оваа година учествуваа 32 меѓународни тимови на пријателство. Секој од тимовите обедини 12-годишни деца од различни националности.
Македонските фудбалски претставници беа дел од различни тимови во рамки на овој проект. Младиот голман од подмладокот на ФК ,,Вардар“ Лука Јаневски со својот тим ,,Тасмански Ѓаволи“ беше дел од финалето на Светското Првенство во Фудбал за Пријателство. Лука Јаневски бранеше извонредно, шутираше и пенал и постигна гол, и заслужено го понесе признанието за Најдобар Голман во рамки на овогодинешното Светско Првенство во Фудбал за Пријателство.
На финалето на Светското првенство во Фудбал за Пријателство, покрај претставници на компанијата ,,Гаспром”, присуствуваа и ѕвездите на фудбалот како Роберто Карлос и Марко Матераци, како и амбасадорите на УЕФА, Селија Сасиќ и Рикардо Карваљо.
,,Програмата Фудбал за пријателство спроведува важна мисија – промовирање на концептот за еднаквост на сите култури помеѓу децата. Ако нашите деца научат да се дружат, да ги третираат сите со почит и да заборават на разликите, тие ќе можат да изградат подобра иднина.” – изјави легендата на бразилскиот национален тим и Реал Мадрид, победник на Светскиот куп и трократен победник во Лигата на Шампионите, Роберто Карлос.
Како дел од финалните активности, учесниците на седмата сезона на проектот Фудбал за Пријателство учествуваа во фудбалски тренинг со најмногу националности во светот. Во рамки на овој тренинг беше вклучен и Милош Спасовски, фудбалер од подмладокот на ФК “Вардар“. На крајот на тренингот, проектот доби официјален сертификат ,,GUINNESS WORLD RECORDS®“.
Младите учесници во овогодинешната седма сезона на проектот гласаа и го одбраа добитникот на Купот на 9 Вредности – Фудбалскиот Клуб Ливерпул. Купот е награда која секоја година се доделува во рамки на проектот Фудбал за Пријателство на најодговорниот и најопштествено одговорниот фудбалски клуб за тековната сезона. Оваа година децата избира помеѓу клубовите кои играа во Лигата на Шампиони 2019, а победникот беше определен непосредно по финалниот натпревар на Светското првенство во Фудбал за Пријателство, кој се одржа на плоштадот Плаза Мајор.
За крај на овогодинешната сезона, учесниците во проектот го проследија финалниот натпревар од Лигата на Шампионите кој се одржа на стадионот ,,Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

