Контакт

Македонија

МНР: На секој настан Османи се обраќа на двата службени јазици, ги повикуваме од ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извинат за лагите

Објавено пред

Зачудува однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која иако себе си се декларира како партија заштитник на конзервативните вредности, за време на одбележувањето на Велигденските празници, поточно – Велика Сабота, или Ден на длабоко молчење и покој, преку употреба на груби лаги и целосно измислени факти создава етнички тензии и поделби во општеството, велат од Министерството за надворешни работи за денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Заради почитта кон нашите сограѓани, кои во овие денови очекуваат да добијат мир и спокојство за достоинствено да ги одбележат велигденските празници, Министерството за надворешни работи се воздржа од коментирање на непристојното однесување од страна на ВМРО – ДПМНЕ. Сепак, во интерес на вистината, дозволете во целост ги демантираме информациите за несоодветна примена на Законот за употреба на јазиците за време на средбите и/или прес конференцијата со Министерот за надворешни работи на Кралство Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено“, велат од Министерството.

Според нив, примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи е секогаш соодветно имплементирана.

„На секој настан Министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми. Напоменуваме дека употребата на службените јазици на Република Северна Македонија е материја која е регулирана со закон, каде прецизно е дефинирана употребата на службените јазици на земјава, и истата треба соодветно да се применува без притоа да биде предмет на политичка пресметка. Со оглед дека настаните и прес конференциите се јавна работа, ги повикуваме ВМРО – ДПМНЕ да ги поткрепат тврдењата со некаков доказ, запис или снимка; во спротивно, да покажат почит кон вредностите кои ги застапуваат и јавно да се извинат за непотребното создавање конфузија во јавноста на етничка основа“, додаваат оттаму.

Претходно денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставна од министерот за надворешни работи Бујар Осамни поради како што рекоа оттаму на официјалната средба со министерот за надворешни работи на Кралство Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, зборувал на албански јазик.

Македонија

Николоски откако беше предложен за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Објавено пред

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски, напиша на својот фејсбук-профил Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде „да се биде дел од тимот во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата“ и рече:

„Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија“, заврши Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за предлог составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден

Објавено пред

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на јавноста и ги соопшти предлозите за министри во новата влада.

dobivaj vesti na viber

Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Тоа е влада која има поддршка од електоратот или повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија на 8 мај.

Кои се имињата кои ќе бидат доставени од мандатарот Мицкоски до Собранието?

Предлог за заменик претседател на владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски. Прелог за министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајловски. Предлог за функцијата министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска. Предлог за министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде Тимчо Муцунски. Предлог министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински. Предлог за министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски. Предлог за министер за спорт ќе биде Борко Ристовски. Предлог министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновска. Предлог за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски. Предлог за министер за култура и туризам ќе биде познатиот актер Зоран Љутков. Предлог за министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршуваше функцијата технички министер во ова министерство. Предлог за министер за образование и наука ќе биде професорката Весна Јаневска.

Од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ се предложени, Љупчо Димовски од Социјалистичката партија за заменик претседател на владата и министер одговорен за политички систем. Иван Стоилковиќ претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија ќе биде предлог за заменик претседател на владата и министер кој ќе биде раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците. Шабан Салиу кој ќе биде предлог за министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декада на Роми.

„Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден. Веќе неколку работи уште непочнати што беа наша главна и основна цел и ветување во време на кампањата ги испорачавме но сега треба да испорачаме и проекти и решенија и да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот. Ова ќе биде влада за тебе, работа за сите вас“, рече синоќа Мцкоски по седниците на ИК и ЦК на партијата.

При изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водев од принципите за чесност, посветеност, рече Мицкоски и додаде дека очекува тие целосно да се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.

„Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а потоа и брзи резултати“, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата ќе се искачи до 36 степени

Објавено пред

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19°C, а максималната од 27 до 36°C.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Најмалку 13 загинати во судир на воз во Индија

Најмалку 13 лица загинаа во судир на патнички и товарен воз во источната индиска држава Западен Бенгал, соопшти денеска полицијата....

Македонија13 минути

Николоски откако беше предложен за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион39 минути

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија46 минути

Мицкоски за предлог составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет55 минути

Шест лица загинаа во свлечиште во Еквадор, 30 се водат за исчезнати

Најмалку шест лица загинаа, а 30 се водат за исчезнати во лизгање на земјиште во градот Банос де Агуа Санта...

Свет59 минути

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија11 часа

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија12 часа

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија14 часа

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа17 часа

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија18 часа

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа19 часа

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...

Регион20 часа

Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите...

Свет21 час

Затворениците кои држеа затворски чувари како заложници во градот Ростов се убиени

Руските безбедносни сили влегоа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски...

Свет21 час

Затворениците вооружени со ножеви во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници

Обвинети во истражниот центар во руската област Ростов зеле двајца полицајци како заложници, соопштија денеска руските власти, цитирани од британските...

Македонија21 час

Македонски концепт од Украина: Куќата на Крсте Петков-Мисирков ќе добие нова меморијална плоча на македонски јазик со македонско знаме

Делегација на политичката партија Македонски концепт, предводена од претседателот на партијата Петар Богојески и потпретседателот Самуел Наумовски-Викиус, остварија средба со...

Македонија22 часа

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса и се опасност за минувачите по тротоарот на булеварот Илинден во ценатор...

Македонија22 часа

Радост, љубов, хармонија и мир посака Силјановска-Давкова по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х....

Македонија1 ден

Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада,...

Македонија2 дена

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...