Македонија
Во Брисел продолжува билатералниот скрининг за „Конкуренција”
Денеска во Брисел продолжува билатералниот скрининг за Поглавјето 8, „Политика на конкуренција“, кое е последно поглавје во агендата на билатералниот скрининг од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, информираат од Секретаријатот за Европски прашања.
Денеска, како што додаваат, презентации пред експертите на Европската комисија имаа претставници од Комисијата за заштита на конкуренцијата на темите како што се правната рамка за соединувања на компании и компании (mergers), како и правилата и законите за државната помош.
Северна Македонија, се истакнува во соопштението, го спроведува Договорот за стабилизација и асоцијација повеќе од 20 години, а во многу случаи сме сведоци, како што велат, дека Европската комисија посветува посебно внимание на политиката на конкуренција како едно од најважните и најтешките поглавја што го регулира внатрешниот пазар на ЕУ.
„Конкурентната политика на ЕУ има за цел да создаде внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно се натпреваруваат меѓу себе. Европското право во оваа област ги вклучува и конкуренцијата и правилата што важат за компаниите, како и политиките за контрола на државната помош. Во ова поглавје, исто така, се вклучуваат и правилата и процедурите за борба против антиконкурентното однесување од страна на компаниите, како што се рестриктивните договори меѓу компаниите и злоупотребата на доминантна или монополска позиција на пазарот. Правилата на конкуренција важат подеднакво, и на ист начин за сите учесници на пазарот и нивна задача е да овозможат подобро функционирање на пазарот со што ќе се обезбеди поголема понуда на стоки и услуги по најповолни цени“, се потенцира во напишаното.
Делегацијата на Северна Македонија ја предводи заменичката на главниот преговарач на Северна Македонија со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили. Билатералниот скрининг состанок за ова поглавје започна во петок, 10 март и ќе продолжи и утре.
Од среда, 15 ти март започнува објаснувачкиот скрининг за Поглавјата 14 – Транспортна политика, 15 – Енергетика, 21 – Транс-европски мрежи и 27 – Животна средина и климатски промени кои се дел од Кластер 5, ,,Зелена агенда и одржлива поврзаност”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

