Македонија
МНР го одбележа Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска на пригоден начин го одбележа 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот. На овој настан, чиј домаќин беше министерот Тимчо Муцунски, беше отворена изложба од Јад Вашем од Израел, со наслов „Аушвиц – место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, во присуство на многубројни гости, членови на еврејската заедница, дипломатскиот кор и претставници од научно-академската сфера.
Овие фотографии од Аушвиц претставуваат единствена досега позната визуелна документација за процесот на собирање и селектирање на Евреите, кои биле депортирани во Биркенау. Во своето обраќање министерот Муцунски се осврна на 80-годишнината од ослободувањето на овој злосторнички камп во окупирана Полска, каде што, поради неразумните замисли на некои индивидуи, било спроведувано финалното решение за истребување на Евреите.
Муцунски оддаде почит кон жртвите и денешните наследници на македонските Евреи, кои во 1943 година биле присилно депортирани. Тој нагласи дека како полноправна земја членка на ИХРА македонската Влада останува цврсто посветена на борбата против антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на холокаустот. Изрази надеж дека преку доследна едукација на младите генерации за холокаустот ќе можеме како цивилизација да спречиме антисемитски акти во сите нивни форми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

