Македонија
МНР: Оставаме уште 24 часа за ВМРО-ДПМНЕ да се извини за грубите лаги
Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе ѝ остават уште 24 часа на ВМРО-ДПМНЕ да се извини за, како што велат, грубите лаги.
„Изминаа 24 часа по демантирањето на грубите лаги од страна на ВМРО-ДПМНЕ, пласирани за време на празниците, а партијата сè уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија, која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и, пред сè, кон јавноста, која беше вознемирена за време на празниците.
Со тоа станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од „вордингот“ и од „тајмингот“ на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од МНР.
Фактот што обидот за манипулација на јавноста беше направен за време на празниците, според МНР, претставува дополнителна навреда кон граѓаните на земјата за што и очекуваат извинување.
Од МНР додаваат дека како одамна воспоставена пракса министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како вицепремиер за европски прашања.
„На јавните настапи пред домашната јавност министерот се обраќа на двата службени јазика, што е видливо и од самиот видеозапис (подолу), при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод во согласност со Уставот и Законот за примена на јазиците“, појаснуваат од МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

