Македонија
МНР реагира откако УЕФА ги претстави Сејдини и Поповски како Северномакедонци

Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до УЕФА откако на нивниот официјален сајт, покрај името ФФМ, до претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски стои дека по националност се Северномакедонци.
Од МНР велат дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните.
„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, велат од Министерството за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска:
· поради промена на два затвoрачи на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од следните улици: Руџер Бошкович на потег од Бул. 8-ми Септември до улица Никола Тесла, дел од Бул. 8-ми Септември на потег од Бул. Партизански Одреди до ул. Илинденска и дел од улицата Орце Николов на потег од Бул. 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош.
Македонија
Аеродром, Центар, Сарај и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Богомилски поход. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Кондово. (Општина Сарај)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Орце Николов (објектите во околината на Хотел – ИБИС) и дел од ул. Никола Кљусев (објектите во околината на бр. 11. (Општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и топло време за овој период од годината.