Македонија
МНР со демант: Министерот Муцунски не беше придружуван од сопругата во Вашингтон

Иако постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга, се вели во демантот на МНР по соопштението на СДСМ во кое партијата прашува дали Муцунски бил со сопругата во Вашингтон.
-Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација. Уште еднаш напоменуваме дека информациите споделени во денешното соопштение на СДСМ се целосна лага и невистина, се вели во нивната реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген

СДС и ДУИ додека ја водеа владата, наместо да мислат за граѓаните и нивно подобро утре, а воедно и добро на државата, тие гледале како да крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ кои дозволиле криминал од 167 милиони евра, воедно истиот бил и канцероген.
Со конкретниот тендер за мазут за ТЕЦ Неготино направиле две криминални дела, кражба на народни пари и труење на народот.
Притоа, лицата кои се дел од оваа мрежа се избегани, како Васко Ковачевски, а синот на пратеникот од ДУИ сопственик на Пуцко Петрол, едвај после жалби доби мерка притвор.
Оваа шема на СДС со години ги крадеше народните пари, а дел од тендерите како еден од многуте во вредност од 22 милиони евра го субвенционирала и самата влада со сума од 15 милиони евра.
СДС и ДУИ имаа обид, преку своите инсталации во правосудниот систем, да ги штитат споменатите лица кои правеле криминални дела.
Поминува времето во кое се штитеа криминалците, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ воспоставува ред и работи во корист на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во попладневните и вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 8, а максималните од 15 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 7, а максималната 27 степени.
Според УХМР, утре локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.
Скопје
Дел од Студеничани без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект на затварач од ф – 200 мм на ул. 7 б.б во село Батинци, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош. ( општина Студеничани )