Македонија
МНР со препорака до граѓаните да не патуваат во северна Италија
Министерството за надворешни работи им препорача на граѓаните да не патуваат во северна Италија.
„Согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција – Италија, заради сериозноста на состојбата со COVID-19 во земјата, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат во следниве региони и провинции: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција. Исто така препорачуваме да избегуваат непотребни патувања во останатите делови на Италија“, порачуваат од МНР.
За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, МНР апелира на зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.
Генерален конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.
Во таа насока, велат од МНР, се одложува фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи.
„За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected]“, додава Министерството преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алиу: Континуирано ја унапредуваме јавната здравствена инфраструктура, обезбедена хипербарна комора во ГОБ „8 Септември“
Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот Јовица Андовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес ја посетија ГОБ „8 Септември“, каде беше направен увид на новата хипербарна комора. Опремата е обезбедена со поддршка од компанијата „Зегин“, во рамки на заеднички проект со болницата.
– Хипербарната кислородна терапија им помага на пациентите со хронични рани и рани кои тешко заздравуваат, како што се дијабетично стапало, изгореници, состојби со нарушена микроциркулација и други индикации што ги третираат повеќе медицински специјалности. Упатувам искрена благодарност до компанијата за нејзината општествената одговорност, како и до менаџментот и медицинскиот персонал на болницата за професионалната подготовка и интеграција на комората во системот на болничко работење, истакна министерот Алиу при посетата.
Комората е поставена во одделот за физикална терапија и рехабилитација, а ќе биде на располагање и за одделите за пластична хирургија, дерматологија и останати болнички оддели, согласно потребите и медицинските индикации.
-Ова е пример како со партнерства можеме да ја унапредиме јавната здравствена инфраструктура од аспект на модерна опрема која ќе го зголеми квалитетот на услугите кои ги добиваат пациентите. На овој начин директно влијаеме врз исходите на лекувањето, го намалуваме ризикот од компликации, престојот во болница и трошоците, а на пациентите им даваме поголема шанса за побрзо и поквалитетно оздравување, посочи Алиу.
Македонија
Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат
Премиерот Христијан Мицкоски чека да завшрат локалните избори за да распише повик за финансиски институции кои ќе понудат кредити за болницитe во Штип, Тетово и Кичево, а веднаш потоа, како следен чекор, најави дека со партнерите од Обединетото кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје. Локацијата на Градска општа болница „8 Септември“ според премиерот е одлична за нов клинички центар.
„Чекор по чекор. Сега прво да завршат локалниве избори па да се распише јавен повик за финансиски институции за болниците кои што се поврзани со договорот влада со влада со Обединетото кралство. Тоа да заживее па следно е големиот клинички центар. Инаку навистина делува овдека како одлична можност, одлична локација три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност така што ајде да видиме, да оставиме експертите да си го кажат своето мислење“, рече премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарски прашања по постеата на болницата „8 Септември“ во која почна да функционира хибербарна комора за третман на хронични рани, дијабетично стапало, изгореници како и поддршка за пациенти од платична хирургија, пулмологија, а ќе функционира и како поддршка за спортисти.
Премиерот Мицкоски ги повика експерите и Министерството за здравство да направат анализи за новио клинички центар во Скопје, за потоа Владат да изеле со конкретен став.
Македонија
Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ, тогаш е кратко и времето за да се оцени работата на Владата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкoски при посетата на ГОБ “8-ми Септември” одговори на новинарско прашање во однос на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека Владата работи катастрофално и кажа, дека изјавите на Филипче се контрадикторни и какафонични бидејќи Филипче дава свој суд за работата на Владата, а за истиот тој период не ја оценува својата работа како претседател на СДСМ и вели дека тоа време е прекратко.
„Па добро, сега Венко Филипче е претседател на сеуште најголемата опозициска партија во Македонија, тој, нормално да ја оценува така Владата бидејќи мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните. Тој ја оценува Владата за својата работа за година и половина нецели еве во декември ќе биде одкако е избрана и тука дава свој суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателствување за истиот период во СДСМ. Ако за тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за истиот период како таа работи. Мислам изјавите се какафонични и една со друга контрадикторни, не мислам дека тоа е правата порака којашто треба СДСМ да ја испраќа но добро, тоа си е нивна работа тие знаат како најдобро како треба“ нагласи Мицкоски.

