Македонија
Можно е и порано да се додели мандатот за состав на новата влада, најави Силјановска-Давкова
Можно е и порано да се додели мандатот, сè зависи од ситуацијата, вели претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која појасни дека не ја исклучува можноста пред завршувањето на последниот рок да го додели мандатот за состав на новата влада.
„Сè зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините“, додаде таа.
Прашана за коментар за обвинувањата на „Европскиот фронт“ за мајоризација над малцинството, рече дека тоа апсолутно не држи.
„Тоа обвинување не држи. Не разбирам што значи тоа мајоризација над малцинството. Нема такво нешто. На изборите има еден победник.
Секогаш нашите влади од првата во 90-тите години од минатиот век, па до денеска, биле мултиетнички затоа не можам да забележам мајоризација“, истакна таа.
Според неа, изборот на владата се прави според идеолошката определба, според програмските определби и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.
„Логично е некогаш да бидете власт, а некогаш да бидете опозиција. Опасно е да бидете секогаш власт. Власта оптоварува, а апсолутната власт – апсолутно и затоа време е за промени“, потенцира Силјановска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

