Македонија
МОН: Апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата на образованието
Правото на поднесување иницијатива за референдум е легитимно затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, причината поради која се користи ова право не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокираат напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку, напротив, заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, реагираат од Министерството за образование и наука на најавите за собирање потписи за референдум за граѓаните да се изјаснат за предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.
Од ресорното Министерство нагласуваат дека законското решение, кое се однесува на материјалите за учење, е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ-технологијата во која младите живеат и за повеќето од нив примената на електронски уред за совладување одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика, која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства.
„Новиот закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од него, во согласност со планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од разни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои МОН како и досега со должно внимание ќе ги разгледува земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците. Законското решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Всушност, ова е првиот недискриминирачки закон за учебници, кој ќе биде донесен во државата“, е потенцирано во соопштението од МОН.
Oд таму дообјаснуваат дека во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите, како вредности, кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, ќе значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.
Од МОН уште апелираат до сите што сакаат да придонесат за унапредување на законското решение, кое е достапно на веб-страницата на МОН, дека тоа може да го сторат преку повеќе канали за непосредна комуникација и сите промени да се креираат преку широка јавна дебата и инклузивен процес со учество првенствено на засегнатите страни и со многубројни други општествени фактори.
„Потсетуваме дека промените во врска со материјалите за учење се дел од поширок план за реформа на националниот образовен систем, содржан во програмата за работа на Владата и на Министерството за образование и наука, кој, пак, е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации, како ОЕЦД и УНИЦЕФ“, се нагласува во писмениот допис од МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра како што вели СДС: Сопругата на Ѓорѓиевски очекува јавно извинување
Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта, стои во демантот од сопругата на скопскиот градоначалник, откако од СДСМ беше посочено дека таа носи чанта од 30.000 долари.
Во демантот се ннаведува дека обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.
„Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.
Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења.
Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.
Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации“.
Македонија
Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија
Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, во случајов со марихуаната.
Оттука велат дека истрагата се темели на докази обезбедени од Министерството за внатрешни работи, како и на документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија, добиена преку меѓународна правна помош.
Според наредбата, осомничените во период од 2025 година до крајот на јануари 2026 година се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин и марихуана. Секој од нив имал јасно утврдена улога во преземањето, држењето и транспортот на дрогата.
Двајца од осомничените, против кои постапка води и српското обвинителство, во договор со првоосомничениот – сопственик на правно лице од Скопје – организирале набавка и повеќекратен транспорт на марихуана од Северна Македонија кон Србија, со товарни возила, заради понатамошна продажба.
Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на вработени да спакуваат 8.832 килограми сув цвет од канабис, набавен од правно лице од Струмица. Во период од околу две недели биле спакувани над 200 кутии, по што вработените биле испратени на колективен одмор.
„На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација. Во исто време, во атарот на селото Сарамзалино, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од товарно моторно возило со приклучно возило, во друго товарно моторно возило. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со ПМВ, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата“, соопшти Обвинителството.
Следниот ден, на 14 јануари во 03:41 часот, товарното возило се исклучило од автопатот и се упатило кон селото Коњух во Србија, каде кутиите со марихуана биле растоварени во објект на правно лице од Крушевац, обезбеден од лица против кои српското обвинителство води истрага.
Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Македонија
Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари, велат од СДСМ
Нема крај на луксузите на ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ.
Според оваа партија, сопругата на градоначалникот на Скопје од како што го нарекуваат, ВМРО-ОКГ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појавила со брендирана чанта „Хермес“.
„Станува збор за еден од најекслкузивните и најскапи бренд чанти во светот.
Вакви чанти, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чинат од 28.000 до 33.000 долари.
Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај и мора да проестираат по улиците за поголеми, достоинствени плати, ВМРО-ОКГ парадира пред нивните очи.
Скопје се дави во ѓубре, автобуси нема, граѓаните со часови чекаат за превоз, се возат во распаднати и небезбедни автобуси.
Очигледно за ВМРО-ОКГ нов и поголем авион не оди со стари или евтини чанти“.
Според опозициската партија, луксузирање со авиони врз грбот на народот оди, како што додаваат, со часовници од 60.000 евра и со чанти од 30.000 долари.
Прашуваат, што мислат граѓаните на Скопје за овој „луксузно-моден патриотизам.
„Што мислат работниците, земјоделците, граѓаните за оваа аздисаност?
Само нека не се вадат на то, е фејк или поклон. Може да биде поклон само од Орце.
После толку криминални тендери поврзани со „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“, нивните омилени фирми тоа е секако очекувано“.

