Македонија
МОН бара кинезиолог за вршење јавни набавки
Министерството за образование и наука објави оглас според кој се бара помлад соработник за вршење јавна набавка. Кандидатите, според огласот, потребно е да имаат завршено правни науки, кинезиологија или политички науки.
Од Министерството велат дека веќе имале еден вработен со ваков факултет, па поради тоа оваа спецификација морала да остане и за новиот конкурс или во спротивно лицето што е веќе примено со завршена кинезиологија треба итно да биде отпуштено.
„Во минатото, на 6.5.2011 година, во МОН било вработено лице што по класификацијата на научноистражувачки подрачја, спаѓа во научно подрачје – општествени науки, група кинезиологија. Со решение од 25.8.2014 година лицето се распоредува на работното место помлад соработник за поддршка на јавните набавки и на истото работно место е до денес. Вработеното лице поседува потврда за положен испит за лице за јавни набавки, издадена од Министерство за финансии, Биро за јавни набавки.
Кога лицето се вработило на тоа работно место, неговото образование било предвидено во правилникот за работни места на МОН за таа позиција, а новите огласи за вработување мора да го содржат образованието што го имаат вработените во МОН од претходно на тоа работно место.
Единствената причина поради која не е избришана квалификацијата од правилникот за работни места, сега веќе предвидена во новиот оглас за вработување, е поради фактот што лицето сега поседува потврда за положен испит за лице за јавни набавки. Доколку неговото образование (кинезиологија) биде избришано од систематизацијата, лицето што веќе е вработено треба да биде прогласено за технолошки вишок во МОН“, се вели во соопштението на МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае
Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите дејствија за обезбедување на докази против Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Тројцата се осомничени за убиствата на 14-годишна Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за решение во однос на истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо ќе се чека по давањето исказ пред обвинител.
Како што додаваат од Обвинителстовото, осомничените лица добиле известување за завршување на истрагата, но имаат рок од 15 дена доколку имаат, да достават докази до обвинителката.
„Преземени се сите дејствија од страна на обвинителката за обезбедување на докази против сите лица, освен за лицето кое неодамна беше екстрадирано. До осомничените е испратено известување дека истрагата е завршена и тие имаат рок од 15 дена за да достават докази, доколку имаат“, велат од Обвинителството за Макфакс.
Во текот на следната недела Палевски треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд за да се изјасни за притворот кој му беше определен во отсуство.
Според досегашните сознанија кои ги објавија надлежните, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата.
Сознанијата за нејзиното излегување ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ставиле во автомобил, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда каде е извршено убиството. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители кои на 6 декември беа уапсени признаа вина.
Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.
Teлата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пронајдени на 3 декември мината година.
Македонија
Мицкоски: Верувам дека нема да зборувам за 61 пратеник, туку за 62 пратеници
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски денеска најави водење принципиелна политика со соседите. Како идна Влада, како што рече, на денешното одбележување на годишнината од Разловечкото востание, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе се залага за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“, потенцирајки дека нема да се прават избрзани чекори, кои можат „многу“ да ја чинат државата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по прегласувањето на неколку избирачки места во Изборната единица 5 што ќе се одржи во среда, ќе може да каже дека имаат не 61 пратеник, туку 62 пратеници.
„Фокусирајќи се на народот, имаме историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Треба да ја довршиме задачата, на 22 мај ќе има прегласување во Изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање верувам дека нема да зборувам за 61 пратеник, туку за 62 пратеници“, рече Мицкоски во изјава дадена во делчевското село Разловци, на одбележувањето на Разловечкото востание.
Мицкоски посочи дека е подобро да се придвижуваме за милиметар, но тој чекор да биде цврст.
„Вие сте свесни дека дека против природата не можеме, како народ сме од најмалубројните народи во Европа. Организацијата која што има често и привилегијата да ги брани интересите на еден од најмалобројните народи во Европа – македонскиот народ, треба да е мудра. Не треба да правиме избрзани чекори кои што може да не чинат многу. Подобро да се придвижуваме за милиметар, но тој чекор да биде цврст. Мора да сме трпеливи, мора да сме попаметни, тројно попаметни од сите и помудри, затоа што само така можеме да опстанеме во круг на многу предатори кои што верувајте не сакаат да ја видат Македонија успешна, не сакаат да ја видат Македонија просперитетна, среќна, Македонија полна со граѓани кои што се задоволни. Тоа го видовте уште во првите денови кога ние не бевме се уште разбудени од оној историски резултат на 8 мај, а веќе почнаа страстите да се вжештуваат, но не само наоколу туку и дома“, рече Мицкоски.
Како идна Влада, додаде, победничката коалиција е подготвена сите тие предизвици да ги совлада, како што рече, трпеливо и со паметна политика која како таква политика ќе се води со соседите.
„Ве повикуваме на градење мостови, ги повикуваме сите на заедничка соработка во рамките на овој наш преубав Балкан. Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи, бидејќи никогаш не се плашиме да ги вкрстиме нашите аргументи со аргументите на нашите соговорници“, додаде Мицкоски.
Мицкоски отфрли какво било беспотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.