Македонија
МОН: Достапна можноста за онлајн нострификакција на дипломи стекнати во странство
Ангел Јанков е млад претприемач и еден од првите во земјава кој преку платформата uslugi.gov.mk ја нострифицираше својата диплома од магистратура по историја и социјални студии стекната во Франција, а преку новововедената електронска процедура на Министерството за образование и наука.
МОН, во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП), а со финансиска поддршка на британската Влада, како и со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација, дигитализираше дел од своите услуги, меѓу кои спаѓа и процедурата за признавање и еквиваленција на образовни квалификации стекнати во странство.
„Оваа нова услуга е вистински пример за тоа како една државна институција може да биде вистински сервис за граѓаните, особено да ги следи потребите на младите. Процедурата е многу едноставна. Со само неколку клика ги пополнив податоците и ги прикачив потребните документи. За кратко време ме контактираа од Министерството за да си ја подигнам нострифицираната диплома“, вели Ангел Јанков.
Сред пандемија, потенцира тој, кога социјалните контакти е неопходно да ги сведеме на минимум, ова е вистинскиот начин за комплетирање на административните процедури со државните институции. Ви препорачувам на сите да ја користите веб-страницата uslugi.gov.mk и со тоа да дадете придонес кон целосна дигитализација на нашето општество.
Ова е дел од акцискиот план на МОН кој предвидува дигитализација на образованието, односно овозможување на дополнителна можност за сите граѓани кои ќе изберат услугите да ги користат во дигитална форма, односно на поедноставен начин да ја остварат потребната јавна услуга.
„Наша цел е преку можностите кои ги нуди дигитализацијата да овозможиме поефикасни и поквалитетни услуги за сите, а особено за младите, кои многу почесто го избираат начинот за онлајн комуникација со институциите. Пандемијата го забрза процесот на дигитализација на образованието и нè исправи пред многу предизвици, но истовремено дополнително нè поттикна напорно да работиме на развојот на дигиталното образование во земјава. Овој пристап значи и нов квалитет и поголема сигурност, а ваквите мерки и активности ги покажуваат конкретните предности и придобивки за сите. Како влада и министерство, заедно со нашите партнер, продолжуваме да вложуваме во дигитален развој со цел да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите“, изјави министерка за образование и наука, Мила Царовска.
Покрај нострификација на дипломите од основно, средно и високо образование во странство, МОН воведува електронски уписи во основно училиште, ги дигитализира и конкурсите за стипендии, а со изработениот позадински софтвер се овозможува и електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството.
„Ние сме посветени на поддршка на процесот на дигитализација во јавниот сектор со цел трансформација на постоечките системи со воведување пофлексибилни начини за пристап до јавните услуги. Целта на нашиот проект е развојот на нови, електронски дигитални услуги кои ќе се користат како модел за понатамошна дигитализација на целокупниот јавен сектор“, истакна Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.
Процесот на дигитализација на услугите на МОН се реализира со поддршка од Центарот за управување со промени и британската амбасада во Скопје, кои се партнери во унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на јавните услуги за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги осуди заканите и навредите кон новинарот Видиновски: Институциите да реагираат
„СДСМ најостро ги осудува заканите и личните навреди кон новинарот Александар Видиновски, кон граѓаните и директорот на Канал 5 Телевизија од бугарски државјани“, велат од СДСМ.
„Говорот на омраза, заканите и навредите се недозволиви, претставуваат атак врз целата новинарска професија, слободата на говорот и слободата на информирање кои се европски вредности.
Ги повикуваме институциите да реагираат и да ги преземат сите мерки за санкционирање“, соопшти СДСМ.
Македонија
Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува одлуката на Јавното обвинителство да отвори предмет против сторителите на овие кривични дела.
„Во општество каде што слободата на медиумите е загарантирана со устав и закон, а новинарите имаат посебна улога при откривањето злоупотреби и креирањето јавно мислење за потребата од владеење на правото, недозволени се закани врз нивниот физички интегритет и загрозување на нивниот живот“, велат од Демократскиот сојуз.
„Новинарот Видиновски професионално си ги извршува своите новинарски задачи и со својата работа покажува дека не смее да има недопирливи луѓе или институции, домашни или странски, сеедно, за кои нема да важи законот во Македонија.
Демократски сојуз потсетува дека безбедноста на новинарите мора да биде еден од приоритетите на секое демократско општество кое ја негува слободата на говорот, истовремено ги охрабрува надлежните институции да го истераат до крај случајот со новинарот Видиновски и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.
Македонија
(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.
Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка, се наведува во соопштението од кабинетот на Претседателката.

Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.
Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.
Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти.
Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција. Претседателката го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности, се додава во соопштението.

