Македонија
МОН: Новите учебници за основно образование се набавуваат и распределуваат во согласност со потребите на општините
Министерството за образование и наука цени дека неосновано се повикуваат родителите на ученици од основните училишта во општина Тетово да потпишат петиција до МОН, со која се бара обезбедување учебници и корекција на содржински забелешки во нив најдоцна до 28 февруари. Не би сакале да веруваме дека се работи за иницијатива на политички центар и затоа со граѓаните споделуваме повеќе информации за процесот на набавка и испорака на учебници.
Потсетуваме дека во тек е реформа на националниот образовен систем во делот на основното образование, која подразбира етапна изработка на нови наставни планови и програми врз основа на кои се изработуваат и нови учебници.
Минатата учебна година беа опфатени прво и трето одделение, а годинава второ и четврто одделение. Учебниците што се изработени, одобрени и набавени по сите предмети од овие одделенија, а во согласност со искажаните потреби на училиштата пред почетокот на учебната година, се веќе испорачани и се користат од страна на учениците. Дополнително, во тек е испорака на учебници по одредени предмети за кои постапките за одобрување завршија подоцна од предвиденото време.
Во другите одделенија нема нови учебници затоа што реформата предвидува нивен опфат во следните учебни години. Остануваат да важат постојните учебници, кои во согласност со законските прописи се користат најмногу 5 години и од тие причини не се печатат нови количини по одредени предмети, и тоа најчесто по ликовно, музичко и техничко образование.
Податоците велат дека општина Тетово оваа учебна година добила најголем тираж на учебници во споредба со она што е побарано од локалната самоуправа. Поточно, од побараните 52.884 учебници, испорачани се 42.000 учебници (79,4 %). Претходната учебна година соодносот е 45.563 побарани и 20.440 испорачани учебници (44,8 %), а во 2020-2021 година побарани се 84.575 примероци, а испорачани се 39.725 учебници (43 %). Повеќето од испорачаните учебници се целосно нови, изготвени во согласност со новите наставни програми што ги предвидува реформата.
За учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми за трето и шесто одделение и врз основа на нив ќе се изработат и нови учебници. Постапките се почнати и очекуваме навремена испорака и секако во тираж што ќе ги задоволи потребите на сите училишта, а повторуваме, во согласност со бројот на ученици.
Со оглед на комплексноста на процесот на реформирање, многубројни се и предизвиците, но со залагање на сите фактори тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување проблеми. Апелираме до сите локални самоуправи, образовни установи и воопшто до граѓаните да се вклучат партнерски и да дадат свој придонес, со цел реформата успешно да биде заокружена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.