Македонија
Морачанин: Собранието да го донесе законот за спречување дискриминација

Претседателката на ДОМ и координаторка на интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата, Маја Морачанин, по покана на францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, говореше за активностите што групата ги презема за унапредување на правата на ЛГБТИ-луѓето и нивна заштита од дискриминација, насилство, говор на омраза и стигматизирање.
„Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата дава активен придонес за развој на нашето општество како современо, во кое се применуваат европските вредности на почитување на човековите права и слободи, принципите на толеранција, ненасилство и недискриминација по кој било основ, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Затоа се залагаме Собранието на Република Македонија да го донесе законот за спречување и заштита од дискриминација“, истакна Морачанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.