Македонија
Мотивациски викенд во МОТ

Здружението на граѓани ,,Младите можат” викендов во Скопје го организира петтиот по ред традиционален Мотивациски викенд. Настанот наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех ќе се одржи на 24 и 25 ноември (сабота и недела), во Македонска опера и балет, од 16 до 20 часот.
Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите соништа и
цели, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења,
вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да
станат најдобра верзија од самите себе. Мотивацијата е главниот двигател што овозможува да
се постигнат саканите цели и ги поттикнува младите да го остварат она што го сакаат во
својот живот.
Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен
и професионален план, преку успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за
досегашните успеси и падови, и работилници за личен и професионален развој.
Присутните млади ќе имаат можност да слушнат неколку говорници кои ќе ги споделат со
нив нивните животни приказни, успеси, но и предизвици со кои се соочиле на патот до
успехот.
Четирите работилници на кои младите ќе имаат можност да учествуваат се на теми
„Маркетинг 360“ – од Creative Hub, „Маркетинг на социјални мрежи 101“ – од Brainster,
Elevator pitch – од Колеги&Колешки, „Како од парите да направите пари“ – од „Илирика
Фонд“. Настанот Мотивациски викенд 5 е во реализација на „Младите можат“, а со поддршка од
фондацијата Schuler Helfen Leben од Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.