Македонија
МОФ: Средношколците имаат само четири дена да се подготват за квалификациското тестирање
Младински образовен форум изрази загриженост за квалификациските тестирања на учениците кои конкурираат за упис во средните училишта. Вчера беше најавено дека во средните училишта во кои ќе има повеќе заинтересирани ученици од слободните места во прва година ќе се спроведе тестирање на 22 јуни.
Тие велат дека учениците се известени само четири дена пред тестирањето, а дополнително во услови на сериозна здравствена криза, се предвидува да се полага во училишните простории. Според МОФ, идното образование и здравствената безбедност на средношколците не смеат да бидат предмет на несоодветно справување со состојбите
Оттаму потенцираат неколку проблеми околу ова квалификациско тестирање:
1. Иако тестирањето е наведено во конкурсот за упис во средните училишта, временската рамка за подготовка е многу тесна, а ова е проблем кој се појави и во минатата учебна година, кога МОФ исто така реагираше за несоодветната процедура. Од моментот на објавата на првичната ранг-листа во училиштата (која ќе се случи денес), до изведувањето на тестирањето, учениците имаат нецели три дена да се подготват за двата теста. Успехот на ова тестирање директно ќе се одрази на понатамошното образование на овие ученици.
2. Дополнително отежнување е тоа што учениците во текот на последното полугодие учеа во вонредни услови, односно за првпат се спроведуваше далечинско образование, кое по квалитетот и интензитетот беше различно од образованието на учениците годините наназад. Имено, од месец март 2020 година, поради здравствената пандемија, учениците и професорите за првпат се најдоа пред предизвикот да ја спроведат учебната година од далечина, иако за истото не беа подготвени наставниците и институциите, ниту, пак, се користеше воедначен пристап за спроведување на образовниот процес (особено ако погледнеме во руралните наспроти урбаните средини или, пак, недостигот на компјутери и опрема во семејствата со повеќе ученици).
3. Загрижува и фактот што учениците ги имаат вратено учебниците кои училиштата им ги даваат на бесплатно користење, за да го подигнат свидетелството за завршено деветто одделение. Ова значи дека за приемите испити, освен онлајн достапните содржини, учениците не можат да ги користат учебниците по конкретните предмети. Иако предметниот материјал е поминат и усвоен од нивна страна, имањето учебници не смее да се става под знак прашалник бидејќи на секој ученик му се потребни услови за подготовка за ова особено важно тестирање.
4. За разлика од други состојби и закажани испити во образовниот систем, оваа година се наоѓаме во пандемија, а во последните 2 недели во нашата земја се забележува рекорден број и значителен пораст на лица заразени со Ковид-19. Мора да се има на ум дека со спроведувањето на овие тестирања не само што учениците, наставниот кадар и техничкиот персонал ќе се изложат на ризик, туку тоа е ризик и за нивните семејства и потенцијално ќе креира нов кластер на заразени со вирусот.
5. Најавувањето на испитите во исклучително кус рок ги става учениците во неизвесна и непозната ситуација, која може и мора да биде планирана и превенирана од страна на надлежните институции. Ова е дополнителен стрес кој учениците и нивните семејства веќе го имаат при преминот од еден во друг степен на образование.
6. Два теста во еден ден (особено квалификациски), не смее да биде пракса во ниеден случај. Ова се избегнува во редовното тестирање во училишата, како во основно така и средно образование, дури и при полагањето испити во високото образование. Мора да се има на ум дека за ученици кои штотуку завршиле основно образование, ова ќе претставува особено сериозен и стресен процес, за кој немаат начин да се подготват дури ни во услови кога испитите би биле најавени порано.
Од МОФ апелираат да се работи на соодветно и навремено идно превенирање на овој проблем, а Министерството за образование и наука посериозно да внимава на менаџирање и координирање на оваа ситуација, особено кога здравјето и безбедноста на учениците се изложени на удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

