Македонија
МТСП: Згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека утрово почна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца – детски градинки.
Од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитание деца од предучилишна возраст, како што наведува Министерството, штрајкот на некои од вработените се одвива во 54, а во 21 јавна установа вработените воопшто не се приклучиле кон штрајкот организиран од СОНК.
„Само во една, односно во ЈОУДГ ‘Детска радост Гази Баба во Скопје воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во ЈОУДГ ‘Пролет’ во Карпош се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите други предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките, непречено се одвиваат згрижувањето и воспитанието на децата.
Целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и си ја вршат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста“, велат од МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

