Македонија
МТСП: Работодавците од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години
Во врска со примената на препораките на Владата поврзани со работењето за време на топлотниот бран, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот инспекторат за труд соопштува дека работодавците од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години возраст.
Препораките за приватниот сектор се однесуваат само на начинот на организација на работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во период од 11 до 17 часот, велат од Министреството.
Појаснуваат дека правните субјекти, кои вршат градежна дејност и чии активности се вршат на отворено, се должни да ги запрат активностите во период од 11 до 17 часот.
„Со оглед на фактот дека одредени активности на правните субјекти може да претставуваат ризик за здравјето на изложените работници, Државниот инспекторат за труд, освен препораките, при инспекциските надзори постапува и во согласност со одредбите од Законот за безбедност и здравје при работата.
Така, во согласност со член 49 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работата, ако Инспекторот на труд врз основа на надзор кај работодавецот утврди дека постои непосредна опасност врз безбедноста и здравјето при работа на вработените со решение ќе ја забрани работата во целост.
Со оглед на тоа што во услови на топлотен бран, високите температури, односно високиот УВ-индекс, се максимум изразени, тие сами по себе претставуваат непосредна опасност врз безбедноста и здравјето на работниците за што инспекторите на труд имаат правен основ за изрекување на напред наведената инспекциска мерка“, се истакнува во информацијата од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

